Момо, реална закана за децата или виртуелна измама?


Четворица основци од Битола што се самоповредиле со сечење вени биле  предизвикани од игрите „Момо“ и „Синиот кит“. Оваа застрашувачка вест молскавично ја пренесоа интернет-порталите, откако за ТВ 24 директорот на ОУ „Коле Канински“ од Битола, Зоран Мирчевски, го потврди случајот. „Да, во нашето училиште има четири случаи на самоповредување. Тоа се случуваше надвор од […]

Невакцинираните деца нема да се примаат во градинките


Забрана во градинките за деца кои ја немаат вакцина МРП, намалување на возраста за вакцинација од 12 на шест месеци, како и уредно вакцинирани негувателки и воспитувачки во градинките, вакцинирани наставници во училиштата и здравствените работници, вакцинирани со две дози вакцини, се мерките што важат од вчера, по прогласувањето епидемија на морбили во целата држава. […]

Крадците на НЛБ банка имале јатаци?


Експозитурата на НЛБ Банка во скопската населба Чаир, која беше ограбена во понеделникот, вчера остана затворена, а крадците останаа недостапни за полицијата. Управата на банката утврди дека во грабежот биле украдени 150.000 евра. Иако Министерството за внатрешни работи соопшти дека при грабежот бил повреден само чуварот, сепак во соопштението од банката се вели дека имало […]

(Фото) Никнува цел туристичко-рекреативен комплекс на Козјак


Туристичко-рекреативниот центар „Козјак“ ќе се гради во непосредна близина на главниот град на државата и ќе опфаќа површина од 45,3 хектари. Се наоѓа западно од селото Нова Брезница, на околу 5 километри. И за него дознавме откако се појави информација дека приватен инвеститор гради ресторан со придружни содржини, во заштитеното подрачје „Јасен“. Токму недостигот на […]

Претседателскиот праг мора да се преиспита


Во самите почетоци на независноста, кога се подготвуваше Уставот на Македонија,  неговите творци не помислувале дека високиот праг за избор на шеф на државата веќе во новата декада ќе стане тешко достижен и ќе отвори простор за разни политички маневри и пазарења. Оттогаш поминаа безмалку 28 години, така што во меѓувреме цензусот во вториот круг […]

Нотр Дам да нè освести за односот спрема нашето културно наследство


Пустошот што го остави големиот пожар во париската катедрала Нотр Дам предизвика загриженост кај целата светска јавност. Ова не нè одмина ниту нас, особено што заштитата на нашето културно наследство со години е на маргините. И катастрофите не ни се непознати, бидејќи имавме два големи пожари во манастирите Трескавец и Бигорски,  со години само на […]

Собрани 600 милиони евра, Макрон верува дека Нотр Дам ќе биде обновен за пет години


Претседателот на Франција Емануел Макрон изрази уверевање дека Нотр Дам во рок од пет години ќе биде обновен, откако во синоќешниот голем пожар оваа катедрала е многу оштетена. -Ние повторно ќе го изградиме Нотр Дам, катедралата ќе биде уште поубава, а јас сакам се да заврши во рок од пет години, изјави Макрон, дополнувајќи дека […]

Петти мај прогласен за Ден на македонскиот јазик


Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 130-та седница донесе одлука 5 мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик како празник од работен карактер. – Одлуката овој  датум да се прославува како Ден на македонскиот јазик е во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија која на 5 мај 1945 […]

Украдени 150.000 евра од експозитурата на НЛБ банка во Чаир


Сто и педесет илјади евра се одземени во вчерашниот грабеж во експозитурата на НЛБ банка во Чаир, соопштуваат од Банката. Вооружениот грабеж се случи вчера во 10:36 часот, при што беше повредени едно лице од обезбедувањето, како и двајца вработени во експозитурата, кои беа полесно повредени и се пуштени на домашно лекување. Банката продолжува да […]

Димитров ја прелета кампањата на Пендаровски: Честита на „Фејсбук“, во живо го нема


Заврши министерскиот состанок во рамки на „Берлинскиот процес“ во Варшава, следна станица – дома, напиша во петокот министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Од стартот на кампањата за претседателски избори, шефот на дипломатијата, кој до последен момент беше во тесна трка со Стево Пендаровски околу кандидатурата, наметна агенда на сите страни во светот, поради што […]

Галетановски подготвен да ѝ се извини на Силјановска


„Подготвен сум да ѝ се извинам на кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова“, вели во изјава за „Независен весник“, Ѓорѓи Галетановски – првиот човек на Централниот изборен штаб на кандидатот на владејачката коалиција, Стево Пендаровски, во Скопје. Во екот на епизодната битка за тоа кој води пофер и поцивилизирана кампања, бура во таборот на […]

Прогласена епидемија од морбили на цела територија на државата


Одлука за прогласување епидемија од морбили на територијата на целата држава донесена е денеска од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравствo, на сoстaнoкoт штo гo имaше Кoмисијaтa утрово. Д-р Владимир Микиќ од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравствo рече декa нa сoстaнoкoт штo гo имaше Кoмисијaтa утрвoвo, дoнеле зaклучoк епидемијa oд […]

Хан за „Независен“: Претседателот во заминување да не се меша во судските постапки


Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан даде интервју за “Независен“ во кое го повика претседателот Ѓорѓе Иванов да не се меша во судските постапки, порачувајќи му индиректно да заборави на амнестијата. Хан исто така се надева дека Преспанскиот договор нема да биде жртвуван заради партиско-политички причини имајќи во предвид дека е дел од кампањата за претседателските […]

И во „Јасен“ ќе никне ресторан, допрва ќе се испитува како


Во „Јасен“ се гради ресторан со придружни содржини. На местото што тамошното население го знае како Рудина, а скопјани како видиковецот над езерото Козјак, во моментов се копаат темели за ново здание. „Јасен“, според она што стои во документите, спаѓа во категоријата посебни природни предели и затоа е формирано посебно јавно претпријатие за да се […]

Француски милијардер ќе даде 100 милиони евра за обнова на Нотр- Дам


Франција– Францускиот милијардерот Франсоа -Анри Пино соопшти дека неговото семејство ќе даде 100 милиони евра помош за обнова на катедралата. -Мојот татко и јас одлучивме да одвоиме 100 милиони евра и да учествуваме во реконструкцијата на Нотр-Дам, напиша Пино во соопштението до медиумите. Пино е прв човек на компанијата Керинг, која е сопственик на познати […]

(ВИДЕО) Од пожарот целосно се урна покривот на Нотр Дам


Целосно се урна покривот на познатата катедрала Нотр Дам во париз откако попладнево голем пожар ја зафати катедралата. Претходно се урна и кулата од пожарот, кој избил на таванот во 18.50 часот. Засега не се знаат причините за пожарот, но се претпоставува дека е поврзано со реновирањето на катедралата. Очевидци на социјалните мрежи споделуваат страотни […]

Тачи: Овие што го поддржаа Блерим Река за кандидат шират лажен патриотизам


Демократската партија на Албанците во тетовската населба Горна Чаршија одржа средба со граѓани на која партискиот лидер Мендух Тачи и потпретседателот Бардиљ Даути ги повикаа присутните да дадат поддршка на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. Двајцата посочија дека со тоа се оддава поддршка и на меѓународната заедница која помогнала да се остварат досегашните политички резултати. -Важен […]

Макрон: Со пожарот во Нотр Дам изгоре нешто во секој од нас


Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва изјави дека е „многу емотивно за целата нација“ да ја гледа катедралата Нотр дам зафатена од огнени јазици и како се урива нејзината кула. „Како и сите мои сонародници, несреќен сум што гледам како дел од секој од нас изгоре вечерва“, напиша Макрон на Твитер и воедно изрази солидарност со […]

Река: Граѓаните се слободни, суверени, гласањето е тајно и важно е да има цензус


Граѓаните се слободни, суверени, гласањето е тајно и важно е да има цензус, рече пред битолчани претседателскиот кандидат Блерим Река и повика на 21 април масовно да се гласа и избира. Оптимист сум, рече Река, кај мене владее позитивна енергија, а тоа значи дека на претстојните избори ќе обезбедиме цензус, без разлика на тоа кој […]

Шекеринска: Младите веќе кажаа дека сакаат државата да продолжи напред


Младите во нашата држава веќе кажаа дека сакаат државата да продолжи напред, дека не сакаат да губат време на политички кавги и на политички делби, како и на прашања од минатото и на кавги од минатото, истакна денеска заменик-претседателот на Владата и министер за одбрана, Радмила Шекеринска на средбата со младите од Делчево. – Токму […]