Разликата меѓу Пендаровски и Силјановска е 1%


Фото: Б. Грданоски

Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 74,52 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,64 проценти, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 41,59, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со 11,55 отсто.

Изразено во освоени гласови, од досега преброените за Пендаровски гласале 233.618 граѓани, за Силјановска 227.851, а за Река 63.280 граѓани.

Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 39,71 отсто, или на гласање излегле околу 700 илјади граѓани.