Силјановска: Се насетува крајот на Заев


Кандидатот за претседател, Гордана Силјановска – Давкова смета дека крајот на владеењеето на Зоран Заев и на неговиот тим се насетува, но напомена оти е свесна оти битката допрва следува во вториот круг. Таа им се заблагодари на ВМРО-ДПМНЕ и на коалициските партнери што ја кандидираа, но и на сите оние што гласаа за неа, а се разочарани од СДСМ и коалициските партнери.

„Ако се избројат моите и гласовите на Блерим Река, значи на опозицијата, тогаш разликата кон власта е 70.000 во наша корист“, рече Силјановска.

Таа повтори дека во земјата недостига владеењето на правото и правдата, а без тоа нема преговори со ЕУ.

„Мора да сед стави крај на транзицијата, потребни се нови политичари од нов ков“, заклучи Силјановска.

Професорката напомена дека нема што да загуби, нејзините тези се јасни.

„Колку пониско ќе удираат, толку повисоко ќе се качуваме“, рече Силјановска.