Река ќе се активира во политиката, Села бара предвремени


Кандидатот за претседател, Блерим Река најави дека ќе се активира во политиката доколку на денешните избори добие повеќе гласови отколку што ДУИ оствари на минатите избори, а тоа беа локалните во октомври 2017 година. На тие избори, партијата на Ахмети доби околу 85.000 гласа.

Во моментов, на 85 отсто од изброените гласови за претседател, Река има околу 70.000 гласа.

Зијадин Села, лидерот на Алијансата за Албанците го потсети премиерот Зоран Заев на ветувањето дека ќе распише предвремени парламентарни избори доколку Стево Пендаровски изгуби макар со еден глас помалку од Гордана Силјановска – Давкова.

„Ако таков биде резултатот на крајот, да одиме на предвремени избори“, побара Села.