Силјановска дојде во ВМРО, се пребројуваат резултати


ВМРО-ДПМНЕ ги пробројува резултатите од денешното гласање за претседател на државата. Во седиштето на партијата, пред малку пристигна и професорката Гордана Силјановска-Давкова. На прашањето околу слабата излезност на гласачите во средините претежно албанско население, таа кусо одговри дека тоа се должи на неуспешноста во мисијата консезуален претседател, алудираќи дека СДСМ и ДУИ погрешно ги процениле албанските гласачи.

Засега во ВМРО-ДПМНЕ не дават оценка за изборниот ден, напоменувајќи дека тоа ќе го стори генералниот секретар Игор Јанушев, кој закажа прес-конференција од 20: 30 часот.

Г.А.