Пендаровски води со 4.606 гласа во првиот круг пред Силјановска


Според првичните резултати објавени на веб страницата на ДИК од обработени 99,96  отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,85 отсто, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 42,24 отсто, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со освоени 10,57 отсто од гласовите.

Изразено во гласови, од досега преброените за Пендаровски гласале 323,846 граѓани, за Силјановска-Давкова 319,240 , а за Река 79,915 граѓани. Неважечки се  32,828 ливчиња.Пендаровски води со 4.606 гласа  пред Силјановска.

Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори изнесуваше 41,82 отсто или на гласање излегле 755,816 граѓани.