ДИК почна да ги објавува резултатите, засега мртва трка


Државната изборна комисија почна да ги објавува првичните резултати од претседателските избори кои се менуваат од минута во минута. Резултатите се објавуваат на интернет-страницата на ДИК, а засега оттаму нема официјална изјава.

Како што се гледа од последните објавени податоци, од обработените 3.512 гласачки места (20,73%), за Блерим Река гласале 16.082 гласачи (15,24), за Гордана Силјановска-Давкова 41.254 (39,11), а за Стево Пендаровски гласале 44.079 гласачи (41,78%).

Засега изненадува високиот број на неважечки ливчиња кои се околу 4 проценти.

Што се однесува до одѕивот во првиот круг на претседателските избори, на интернет-страницата сѐ уште стојат податоците од 18:30 часот. Па така, излезеноста 39,71 отсто од обработени 91,54 проценти од избирачките места проценти, или на гласање излегле околу 700 илјади граѓани.

Најголема излезеност има во Гевгелија 59,25, Кавадарци 53, Карпош 49,89 отсто,а најниска во Боговиње 17,93 отсто.