Заев: Во вториот круг да избереме европски претседател

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев рече дека по преброените над 98 отсто од гласовите, Стево Пендаровски има 321.201 глас и води пред Гордана Силјановска – Давкова со 316.872 гласови и Блерим Река со 79.169.

„Честитки за фер и демократските избори, тоа е темелна вредност. Во вториот круг ќе заокружиме уште една европска вредност: европски претседател“, рече Заев.

Тој рече дека оствариле победа и покрај тешките одлуки што ги донеле изминатите две години.

„Јас знам дека имавме и грешки, знам дека граѓаните очекуваа прво економски резултати, но можете да замислите како ќе биде кога ќе влеземе во НАТО“, напомена Заев.