Од обработени 90 отсто од гласачките места: Пендаровски и Силјановска изедначени


Според првичните резултати објавени на веб-страницата на ДИК од обработени 89,69 отсто од гласачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 276.224 гласа, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова со 273.617, што е разлика од 2.607 гласа.

Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 39,71 отсто од обработени 91,54 проценти од избирачките места проценти или на гласање излегле околу 700 илјади граѓани.