Случај Рашковски: Се извини до небо, а небото со радар од ‘88


Рашковски се извини за изјавите за Италија и за Ромите, но нема да даде оставка, а македонското небо е безбедно за летање со тоа што е сменет еден од тројцата директори од управниот одбор на контролата на летање. Истиот кому и ВМРО-ДПМНЕ, како казна за многу прашување и неподободност, го испрати две години да работи […]

Веганска храна за Ванеса Меј: Славната виолинистка доаѓа со миленичето во Охрид


Скромни се барањата на славната британска виолинистка Ванеса Меј (41) пред нејзиниот настап на отворањето на „Охридско лето“ на 12 јули. „Навистина немаше специјални барања, какви што би можеле да се очекуваат од една ѕвезда од нејзин калибар. Таа е веганка и нормално е дека ќе ѝ обезбедиме соодветни оброци. Исто така, Ванеса Меј најави […]

Захариева се надева дека преговорите меѓу ЕУ и Скопје ќе почнат на есен


Бугарската вицепремиерка Екатерина Захариева, за време на јавна расправа по повод почетокот на финското претседателство со Советот на ЕУ, изрази надеж дека октомври нема да биде следниот месец во кој ќе се одложи поканата за членство на Република Северна Македонија и Албанија. Захариева изрази задоволство што програмата на финското претседателство ја вклучува и темата за […]

Европскиот Совет постигна договор за номинациите


Лидерите на земјите членки на ЕУ се договорија да ја номинираат сегашната германска министерка за одбрана, Урсула Фондер Лајен за претседателка на Европската Комисија, јави дописничката на МИА. Сегашниот шпански МНР, Јосеп Борел е номиниран за висок претставник за надворешна политика на ЕУ, поранешната француска министерка за финансии, Кристин Лагард за претстедателка на Европската централна […]

Македонскиот фудбал на „Спорт клуб“ или „Арена спорт“?


Фудбалските прволигаши со рок за изјаснување до среда за продажба на ТВ правата за сезоната 2019/20. На маса имаат две понуди. Едната е од Спорт Клуб, втората е од Арена спорт. Се разликуваат и по содржина (обем на преноси) и по финансии, но и двете одат во насока на популаризација на домашното првенство во регионални […]

Рашковски: Не планирам да дадам оставка


Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски денеска на прес-конференција во Владата рече дека не планира да си поднесе оставка од функцијата по случајот за М-НАВ кој беше обелоденет по објавена снимка во која се слуша неговиот глас и на уште двајца државни функционери, за наводно местење тендер за италијанска фирма. – Ова е верзија на разговорот. […]

Рашковски најави кривична пријава против Чепуњовски и тужби за клевета против повеќе лица


Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски најави дека утре ќе поднесе кривична пријава за неовластено снимање против Климент Чепуњовски, како и тужби за клевета и навреди против Иванка Василевска, Горан Момировски, Миленко Неделковски, Љупчо Златев. Арбитражна постапка ќе биде поднесена и против медиумите „Курир“, „Инфомакс“ и „Лидер“. Рашковски, кој во моментов на прес-конференција ги објаснува […]

Со скандал почна првата пленарна сесија на новиот Европарламент


Првата пленарна сесија на новиот Европски Парламент во Стразбур почна со скандал, кога при интонирањето на химната на ЕУ британски и полски европратеници се свртеа со грб, а други нивни колеги демонстративно не станаа. Тоа се случува пред продолжението на средбата на лидерите на Европската Унија за распределба на клучните позиции во институциите во Брисел. […]

Финти за ДДВ: Спакувај ми заедно, дај ми две сметки


Граѓаните смислуваат начини како државата да им врати поголем износ на ДДВ. Иако официјалниот старт на проектот за враќање на 15 отсто од платениот ДДВ стартуваше од вчера, за големите купувања над 500 евра веќе се прават планови за делење на сметките, како на пример – троседот да се купи на една, а фотелјата на […]

Заев чека виза од министрите за да „министерува“ со финансии


Седницата на Владата што е најавена за в четврток ќе биде прва за четворицата нови министри што влегоа во тимот на премиерот Зоран Заев. Како што се најавува, не е исклучено на оваа седница да има нов бран кадровски промени, главно на директорски места и на други функции во третиот ешалон, каде што изборите или […]

Билетот за едно возење со автобусите на ЈСП достапен од септември


Билет за едно возење во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје ќе има, и тој треба да го реши проблемот со превозот на туристите, на граѓаните кои инцидентно користат јавен превоз и на оние од внатрешноста, потврдува во интервју за „Независен весник“ генералниот директор на ЈСП Скопје, Кристијан Чушков. Тој појаснува дека постојниот систем […]

Земјите од Западен Балкан стареат, масовното иселување една од причините


Земјите од Западен Балкан се соочуваат со демографски пад каков што не е забележан досега, а предвидувањата се дека овој тренд ќе продолжи доколку властите во овие држави не преземат долгорочни мерки. Проекциите на Обединетите нации покажуваат дека до 2050 година во сите држави од Западен Балкан ќе се намали бројот на населението. Најмногу на […]

„Бомбите“ за „Монструм“ ќе пукаат по судската ферија


На 22 август, по судската ферија, е закажано следното рочиште за случајот „Монструм“, за свирепото убиство на четирите момчиња и рибарот што се случи пред седум години кај Смилковското Езеро. Тогаш јавноста ќе види што има ново Специјалното јавно обвинителство за овој случај. На вчерашното рочиште со читање на исказите на старите сведоци заврши изведувањето […]

Заев чека овластување од владата за да раководи со финансии


Премиерот Зоран Заев, според владини извори, ќе раководи со Министерството за финансии врз основа на посебни овластувања што ќе ги добие од владата што ја предводи. Според неофицијални најави, се очекува, на седница во четврток, владата да да донесе одлука за пренесување посебни овластувања на премиерот, за тој да може да раководи со Министерството за […]

(Линк) Од денеска почнете да ги скенирате фискалните сметки за поврат на ДДВ


  Со бројни коментари на социјалните мрежи започна проектот за поврат на 15% од ДДВ што го спроведува Управата за јавни приходи. УЈП утрово на својата веб страница го објави линкот за симнување на апликацијата од Google Play Store за корисниците на Андроид телефони – МојДДВ . За тие со Ајфони сѐ уште нема апликација. […]

СЈО ги гони, тие ќе му вратат со нов закон!


  Случајот „Шпански скали“ го струполи „конструктивното“ ВМРО-ДПМНЕ во неприкриена деструкција околу новиот закон за јавно обвинителство. По големата полициска акција и притворањето на ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, но и на Димитар Димовски, актуелен член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, како и Дејан Митревски, претседател на општински комитет на партијата во Аеродром, […]

Од денеска вакцинација со две нови вакцини кај децата


Од денеска почнува вакцинацијата со новите вакцини за рота вирус и пневмокок, која Министерството за здравство ја воведе во редовниот календар за имунизација за бебињата и децата, а министерот за здравство, Венко Филипче, ги најави пред неколку месеци. Вакцините за бебиња и мали деца се веќе дистрибуирани во вакциналните пунктови и родителите може да почнат […]

Mеркел: Политичката храброст на Заев и Ципрас да ја следат и другите лидери во регионот


Германската канцеларка Ангела Меркел потенцира дека регионот на Западен Балкан има европска перспектива, но и дека претстојат уште многу услови да се исполнат. – Многу германски граѓани имаат лични односи со луѓето од Западен Балкан, многу луѓе од Западен Балкан живеат во Германија и претставуваат мост меѓу тие држави. Граѓаните од тој регион се наши […]

Две третини од членките на НАТО ни го ратификуваа Протоколот


По десет години чекање кандидатски статус, нашата земја, сепак, се најде на брза лента за добивање полноправно членство во НАТО, ако се цени според досегашното темпо на ратификација на Протоколот кој беше потпишан во Брисел во почетокот на февруари годинава. Наспроти досегашните искуства на новите членки на Алијансата,  за кои процесот на ратификација траел околу […]

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе испорача нов закон за јавно обвинителство


ВМРО-ДПМНЕ ќе испорача нов Закон за јавно обвинителство. Ние ќе направиме закон што ќе биде соодветен на европските стандарди. Граѓаните од ова сега и од Специјалното јавно обвинителство не добија ништо, резултатот е еднаков на нула, изјави лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во интервју за Канал 5 телевизија. Според него, тие луѓе кои ја обвинуваат […]