СДСМ бара избор на членови на советите на МРТ и на АВМУ


Пратеничката група на СДСМ бара веднаш да биде закажана Комисијата за избори и именувања, што ја води пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, за избор на членови на Програмскиот совет на МРТ и Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

Пратеникот Костадин Костадинов изјави дека опозициската партија е кочничар на медиумските реформи и дека ги прекршува законските рокови за избор на членови на овие два совети.

– Со таквиот однос Димовски и ВМРО-ДПМНЕ се надеваат на партиски пазарења кои се спротивни на целите на законот и кои со сигурност нема да се случат. Очигледно единствена причина е зачувувањето на партиските кадри во МРТ и АВМУ кои доведоа до катастрофална состојба со медиумите во која беше нашата држава, рече, меѓу другото, Костадинов.