(Видео) По невремето, прогласена вонредна состојба на Халкидики


По невремето кое го зафати грчкиот полуостров Халкидики, во кое загинаа шест странски туристи, а материјалната штета е огромна, грчката влада прогласи вонредна состојба.

Околу 80 отсто од Халкидики, а особено првиот крак и мал дел од вториот останаа без струјa. Два високонапонски столба се урнале на подрачјето на каналот Неа Потидеа, а исто така имало и дефект на високонапонската електрична линија што ја поврзува Мудања со трафостаниците на Касандра.

И премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис од утрово се информира за последиците од невремето што одзеде шест животи, а поради ситуацијата на Халкидики ги откажа средбите закажани за утрово.

Мицотакис во 10.30 часот требаше да се сретне со поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, а час подоцна да го посети Министерството за образование.

Поради ситуацијата на Халкидики, овие средби се откажани.