Извини Гоце, (не)морално беше!


Јавен бес и политичка драма предизвика пејачката Тамара Тодевска, откако завчера во Амбасадата на САД на прославата на Денот на независноста – 4 Јули отпеа своја верзија на македонската химна и притоа ги изостави стиховите во кои се споменуваат Делчев, Гули, Сандански… Тодевска ја испеа првата строфа од оригиналниот текст на „Денес над Македонија се […]

Падна обвинението на СЈО: На Латас ќе му ги платиме и трошоците


Новинарот Драган Павловиќ-Латас излезе насмеан од Кривичниот суд откако судечкиот совет го ослободи за обвинението на Специјалното јавно обвинителство за нелегална градба на викендички во скопското село Зелениково. Додека судот ја изрекуваше пресудата новинарот беше воздржан, но неговиот брат Срѓан не можеше да ја сокрие радоста, додека третиот брат не дојде во суд. Со пресудата […]

Садула Дураки назначен за вицепремиер


Садула Дураки од ДУИ, кој пред една недела со реконструкцијата беше поставен на чело на новото Министерство за  политички систем и односи меѓу заедниците, ќе биде и заменик претседател на Владата на Северна Република Македонија. Одлуката за неговата вицепремиерска функција е донесена на денешната владина седница и ја соопшти прес-службата на Владата. 

Димитров: Комплетирање на ЕУ е подобар збор од проширување


Министерот за надворешни работи Никола Димитров на прес-конференција во Познањ, каде се одржува Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, порача дека влезот на земјите од регионот во ЕУ претставува комплетирање, а не проширување. -Кога размислуваме за регионот, размислуваме небаре регионот се граничи со ЕУ, а практично нашиот регион е опкружен со земји […]

Захариева: Бугарија нема да поставува нови услови за Северна Македонија


Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, изјави дека нејзината земја нема да поставува нови услови за Северна Македонија за стартот на преговорите со Европската Унија, но дека сака да се решат историските спорови. Одговарајќи на новинарско прашање во рамките на Самитот за Западен Балкан што се одржува во Познањ, во однос на тоа зошто […]

Заев: Се постапува за дивоградбите во Охрид и на Матка


Со решение на инспектор, стопирани се двете градби во Охрид, едната сред брегот на езерото и другата во центарот на градот, зад кои стои советник од Општината. Како што рече денеска премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарски прашања, се постапува и по однос на дивоградбите на Матка. – Решението е издадено, следува процес на извршување. Законот […]

Алијанса и Беса – заедно или одвоено во иднина?


Политичките партии од албанската опозиција се мобилизираат, велат дека се добро подготвени за претстојните парламентарни избори, кога и да се одржат, но сè уште не одлучиле дали ќе направат коалиција. И од едната и од другата партија велат дека и сами, без да соработуваат меѓу себе, ќе бидат победници на претстојните избори. Сепак, најновата анкета […]

Пендаровски ја потпиша уредбата за преименување на АРМ во АРСМ


Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски вчера ја потпишал уредбата за ознаките на униформите на Армијата и отсега натаму, како што изјави, ќе биде Армија на Република Северна Македонија. Тоа значи, прецизира, дека е завршен и тој технички и правен аспект со што се отвора можноста во следните набавки да се употребуваат […]

Се чека одлуката на УНЕСКО


На 43. сесија на УНЕСКО, која се одржува во Баку, вчера помина дискусијата за Охридскиот Регион. Но, дали тој ќе биде на листата на загрозени светски културни наследства или не, одлука сè уште нема. Советодавните тела на УНЕСКО преку своите претставници ги образложија забелешките и причините зошто сметаат дека Охридскиот Регион треба да се најде […]

Влада: При изведбата на македонската химна беше направена ненамерна грешка


Во врска со интонирањето на македонската химна вчера во Американската амбасада во Скопје од страна на Тамара Тодевска во која беа изоставени стиховите во кои се споменуваат имињата на Гоце Делчев, Питу Гули и Јане Сандански од Владата со реакција дека станува збор за ненамерна грешка. „Владата го честита националниот празник Ден на независноста на […]

Армијата побрзо доби нов врховен командант отколку име


Претседателот и врховен командант Стево Пендаровски и началникот на Генералштабот на армијата Васко Ѓурчиновски ќе пристигнат денеска на јужната граница, во посета на нашите војници, откако парламентот минатата седмица ја продолжи за дополнителни шест месеци кризната состојба поради зголемено транзитирање на мигранти. Во оваа одлука, која Собранието ја усвои по предлог на Владата, македонската армија […]

(ВИДЕО) Тамара ја отпеа македонската химна во Амбасадата на САД без Гоце Делчев


На синоќешната прослава на националниот празник 4 јули – Денот на независноста на САД во американската амбасада во Скопје, покрај онаа на земјата-славеник, беше изведувана и химната на Македонија, но без строфата каде што се споменува Гоце Делчев и другите национални херои. Тамара Тодевска во својот настап, засега од необјасниви причини, го испушти тој дел […]

Латас ослободен од обвинение


Кривичното дело кое му се става на товар на новинарот Драган Павловиќ Латас не е кривично дело според Законот.   удијката Марија Клетнички ја образложува одлуката на Судечкиот совет. Таа вели дела од суштествено значење е што никоја од институциите не реагирале, односно не утврдиле дека се градат дивоградби. Потоа објектите биле впишани, а никој […]

Шилегов ќе го менува изгледот на центарот во Скопје


Шаренолики се фасадите на зградите во централното градско подрачје, особено околу плоштадот „Македонија“, по улицата „Македонија“, како и другите краци што излегуваат од плоштадот. Со проектот „Скопје 2014“ многу од зградите во центарот на Скопје беа преслечени во нови, но сепак барокни фасади, изработени од стиропор. Со смената на власта, се смени и тактиката, па […]

Рашковски не им ги земал телефоните на гостите: Во Владата секој можел да снима


На гостите што доаѓаат на состаноци кај генералниот секретар на Владата никогаш не им биле одземани телефоните, па секој можел да си прави „риалити шоу“ од оваа институција. Ова е поентата на одговорот што го добивме од Владата на прашањето дали на гостите што доаѓаат на средба конкретно кај генералниот секретар на Владата Драги Рашковски […]

Мицкоски: Потребни се предвремени избори, државата оди во погрешна насока


ВМРО-ДПМНЕ секогаш е подготвена за предвремени парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена жестоко да го порази Зоран Заев и СДСМ на парламентарни избори, без разлика дали се предвремени или се редовни. Добро е да имаме предвремени парламентарни избори зошто државата оди во погрешна насока, изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа. […]

Избрани 11 потпретседатели на Европскиот парламент


Европратениците избраа 11 од 14 потпретседатели на Европскиот парламент. За да бидат избрани за потпретседатели, кандидатите мора да добијат најмалку 331 гласов (апсолутно мнозинство од 661 лице – пратеници кои се регистрирани на состанокот). Ова денеска го постигнаа 11 кандидати. За останатите три места, ќе се одржи втор круг гласање со шестмина кандидати. Меѓу избраните […]

Почна електронската наплата на патарините на Коридорот 10


Оперативен центар за мониторирање и безбедност на патиштата е во функција од денеска кај наплатниот пункт „Петровец“, со што стартуваше и електронскиот систем за наплата на патарините Романовце, Отовице, Сопот и Градско на Коридор 10, како и на наплатната станица Петровец. Патарината се плаќа со бесконтактни смарт-картички и со микробранови транспордери, а покрај тие опции, […]

Ветинг – Се тресат оние што треба да нè штитат


Најавите за ветинг или т.н. прочистување во МВР, во кое јавна тајна е дека постојат криминални гнезда, очекувано предизвикаа вознемиреност меѓу вработените, но и во редовите на опозицијата која обвинува дека станува збор за политичка пресметка со професионалци. Според експертите, овој радикален реформски процес е пред сè во интерес на заштита на граѓаните бидејќи институциите […]

„Бомбите“ ја ослабија ДУИ


Во последно време актуелна тема на улица, во чајџилница, во автобус, а најмногу на социјалните мрежи меѓу Албанците се „бомбите“ на Шеќерим Ахмеди познат како Ел Чека. Некои се изненадени од вокабуларот што го користат двете главни личности на ДУИ, Али Ахмети и Муса Џафери, а некои на тоа гледаат како на нешто нормално бидејќи […]