(Видео) Заев побара лидерска средба


Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција од Владата повика на лидерска средба која планира да се одржи, в петок, во 14 часот.

Заев рече дека на лидерската средба ги повикува лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса за Албанците.

Новиот изборен закон, Законот за обвинителство и Законот за попис, се темите за кои ќе се разговара, најави премиерот.

На новинарско прашање дали е подготвен да распише предвремени избори, Заев рече дека ставот на неговата партија е да се оди на редовни избори, а сега е време, смета Заев, да ѝ се даде шанса на економијата.

За односите со ДУИ, Заев рече дека се одлични.