Заев: Не сум се слушал со Јанева, пред да и го земат телефонот


Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција изјави дека тој не се слушнал телефонски со Катица Јанева, пред да и биде конфисуван мобилниот телефон. Тој одговори на новинарско прашање во врска со наводите во некои од медиумите дека вечерта кога се апсеа Бојан Јовановски и Зоран Милески, Јанева пред да и биде одземен телефонот се слушнала […]

Премиерот Заев ќе предложи разрешување на поголем број функционери


Премиерот Зоран Заев денеска на Владата ќе и предложи разрешување на досегашни директори, заменици, раководители на институции и членови на управни одбори, а ќе достави и предлози за пополнување на местата кои ќе бидат испразнети по разрешувањето. – Од денеска ќе почне постапка на именување на новите носители на државни функции, дел преку надзорни одбори, […]

Османи: Кадровските промени значат нови политики за подобар стандард


Вицепремиерот задолжен европски прашања Бујар Османи при теренската посета во тетовско Фалише изјави дека кадровските промени кои се очекуваат на денешната посебна владина седница се потребни за да се смени фокусот на дејствување на Владата и затоа се потребни промените во администрацијата. – Има договор помеѓу коалициските партнери четиригодишниот мандат на оваа Влада да се […]

Ахмети: Нашиот народ „не јаде трева“, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ целиот процес го девалвираа


Иако беа собрани за да го изберат претседателот на огранокот на ДУИ за Сарај, лидерот на ДУИ во својот говор зборуваше и за „бомбите“ кои ги објавува Ел Чека. „Мене ми е жал за прислушкуваните разговори што се објавуваат за ДУИ. Јас не ги слушам тие разговор. Но, како не се случи да се објават […]

Доставено барање до Шилегов за стишување на „Самрленд“


Жителите на Дебар Маало доставија барање до Град Скопје и до градоначалникот Петре Шилегов преку кое повикуваат да се намали секојдневната бучава што се создава за време на одржувањето на фестивалот „Самрленд“. Жителите се организираа и преку петиција првично бараа дислокација на фестивалот кој трае речиси цел месец, до 28 јули. Град Скопје како организатор […]

Пет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје


Пет лица се здобиле со полесни повреди во пет од вкупно 10 сообраќајки во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет сообраќајки била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај 33 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи кои […]

По апсењето на Боки 13: Никој не знае што ќе се случува со 1ТВ


По апсењето на самопрогласениот сопственик на 1ТВ, Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, неизвесна е судбината на медиумот со оглед на претходната пракса, кога против сопствениците се покренува судска постапка, новинарите да остануваат без работа. Ќе се случи ли тоа и со 1ТВ, останува времето да покаже, а еден ден по отворањето на случајот на […]

Брисел бара СЈО да продолжи и без Катица


Европската комисија бара истрагите за илегалните прислушувања да продолжат и покрај оставката на првиот човек на СЈО, Катица Јанева, односно нејзиното поврзување со Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милески (Зоки Кичеец), кои се притворени поради рекет на бизнисмен. Оттаму велат дека ја примиле на знаење најавата на Јанева да го напушти СЈО, но повторуваат […]

Катица Јанева ги сплоти обвинителите – заедно подалеку од неа


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вчера не дојде во институцијата која сè уште формално ја раководи. Обвинителите одржаа колегиум без неа, изненадени и вознемирени од вестите за нивната шефица кои ги бомбардираа. Една од нејзините заменички, Ленче Ристоска, вчера воопшто не ѝ се јавила и немала контакт со својата шефица, а за нејзината оставка дознале […]

Ќе се испитува од кои сметки бизнисменот ги повлекол парите за Боки 13-ка


Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција испитува од кои сметки бизнисменот Орце Камчев, кој наводно го пријави сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски, дека му зел рекет, повлекол 1,5 милион евра, дознава „Независен весник“ од извори во Обвинителството. Сепак, нема да го испитува потеклото на парите бидејќи тие не биле стекнати сега, а нема ни […]

Урсула фон дер Лејен избрана за претседател на Европската комисија


Германката Урсула фон дер Лејен е избрана за претседател на Европската комисија, јави дописникот на МИА од Стразбур. Досегашната германска министерка за одбрана, блиска на канцеларката Ангела Меркел беше избрана со тесно мнозинство од гласовите, односно за неа гласаа 383 европратеници, со што таа стана првата жена претседател на Европската комисија. На Урсула фон дер […]

Заев: Сите се еднакви пред законот, „Рекет“ не загрозува ниту еден од процесите коишто се водат


Почит на пресумпцијата на невиност, но и теза дека законот мора еднакво да важи за сите искажа денеска премиерот Зоран Заев во интервју за МИА во кое говори за последните случувања во врска со вчера обелоденетата истрага „Рекет“, евентуалната вмешаност на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во случајот и како сето ова ќе се одрази […]

Русковска: Обезбедените видеа и аудио-материјали се само за двајцата осомничени во „Рекет“


Обезбедените видеа и аудио-атеријали се само за овој случај што го отворивме сега, за овие двајца осомничени. А понатаму во истрагата дали ќе се појават докази за обвинители, за политичари, за луѓе од јавниот живот ќе видиме, вели јавната обвинителка Вилма Русковска во интервју за Телевизијата 24. Таа додава и дека инволвираноста на јавен обвинител […]

Заев: Контрадиктирно е да се зборува за владеење на правото, а да се одбива учество на лидерската


Премиерот Зоран Заев денеска во интервју за МИА ги повика сите поканети, меѓу кои и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да присустува на лидерската средба, која ја закажа за в петок. Мицоски денеска на прес-конференција рече дека не гледа причина да учествува на лидерската средба, доколку на неа не се се разговара за предвремени […]

ОЈО: Истрагата за случајот „рекет“ сè уште не е проширена


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција како шпекулации ги оцени одредени написи во дел од медиумите за наводно проширување на истрагата во предметот за примање награда за противзаконито влијание. Истрагата штотуку е отворена и не може да се зборува за проширување, велат оттаму, но не исклучуваат таква можност доколку во истрагата […]

Мицкоски: Притвор за Јанева, оставки и предвремени парламентарни избори


Компромитираното СЈО е завршена работа, а првиот чекор треба да биде притвор за Катица Јанева и за сите други вмешани во овој криминален октопод. Исполнети се сите услови, побара денеска на прес-конференција лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, посочувајќи дека во вчерашната афера корените се многу подлабоко од двете осомничени лица познати на јавноста, кои, […]

Ристоска: Поединците не го отсликуваат СЈО


Апел за побрзо расчистување на случајот „Рекет“, но и почитување на пресумцијата на невиност побара денеска специјалната обвинителка Ленче Ристоска, на прес-конференција, што ја свика СЈО откако вчера Јавното обвинителство го отвори случајот, беше одреден притвор за Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец, а претходно Катица Јанева поднесе оставка, и заради исрагата и беше одземен мобилниот […]

На Боки 13 му заплениле брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички дела


Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција до рано наутро вршеле претреси и собирале докази во рамките на истрагата што беше отворена против шоуменот и сопственик на 1 ТВ, Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13-ка. Извршени се претреси во домот на родителите на Боки 13-ка, во станот каде што престојувал, во канцелариајта […]

Костова: Договорот со 1ТВ ми заврши со интервјуто на Јовановски


Новинарката Јадранка Костова, вели дека авторскиот договор со „1ТВ“ ѝ завршил со интервјуто на сопственикот на телевизијата Бојан Јовановски, попознат како Боки 13-ка, кој вчера беше уапсен и се наоѓа во притвор за рекетирање. „Не знам што ќе се случува со телевизијата. Веќе две-три недели не одам таму. Немам никаков контакт. Јас работев таму со […]