(Во живо) Прес-конференција на Катица Јанева


По повеќе од една недела јавна потера, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дојде во Специјалното јавно обвинителство.

Јанева, која даде оставка на функцијата, денеска се појави во просториите на Специјалното јавно обвинителство.

Таа од минатиот вторник беше на боледување, откако во понеделникот си даде оставка на функцијата. Од тогаш не беше достапна за јавноста.

Извори од СЈО велат дека никој од обвинителството не очекувал шефицата да се појави и сите биле затечени од нејзиното присуство.

Се очекува обвинителката да даде изјава за медиумите во која ќе ја појасни одлуката за оставка и  отворената истрага за „Рекет“ во која е вмешана и Јанева.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/3476887352324750/?notif_id=1563780171690797&notif_t=live_video_explicit