Заев: Реални се шансите за старт на преговорите со ЕУ


Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се обратија на работниот состанок на Амбасадорскиот совет, што во организација на МНР се одржува во Клубот на пратениците во Скопје. На состанокот на тема „ЕУ перспективата на Република Северна Македонија“ во пресрет на Советот на ЕУ …

Заев: Реални се шансите за старт на преговорите со ЕУ Read More »

Дескоска најави и „план Б“ за решавање на статусот на СЈО


Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека ако не се обезбеди двотретинско мнозинство за законот за јавно обвинителство, тогаш во опција се други решенија, а едно од нив е измени во Законот за Советот на јавни обвинители, кој се носи со 61 глас. Откако денеска Собранието со само 57 гласа „за“ ја утврди потребата …

Дескоска најави и „план Б“ за решавање на статусот на СЈО Read More »

Неветувачки старт на законот за обвинителство во парламентот


Со само 57 гласа „за“ од вкупно пријавени како присутни 99 пратеници, Собранието, на денешната седница – прва по летната ферија, ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на предлог-законот за јавно обвинителство. Тоа значи почеток на расправата за овој владин предлог – закон во собраниските комисии, каде што се можни амандмански интервенции. Со …

Неветувачки старт на законот за обвинителство во парламентот Read More »

Луковски повторно давал исказ за „Рекет“


Поранешниот главен извршен директор на „Т-мобиле“ Жарко Луковски утринава бил повторно  да даде исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“. Овој исказ, според информациите, е дополнување на претходниот, затоа што Луковски, кој бил меѓу повиканите како сведок кога почнала истрагата за „Рекет“, сам побарал да го дополни изјавеното. Поранешниот директор …

Луковски повторно давал исказ за „Рекет“ Read More »

Почна седницата на Советот на обвинители


Почна седницата на Советот на јавни обвинители, на која ќе се дискутира дали ќе се поведе постапка пред парламентот за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради вмешаност  во случајот „Рекет“. На седницата пристигна и шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска, која пред Советот ќе образложи зошто Јанева е осомничена во истрагата …

Почна седницата на Советот на обвинители Read More »

На СЈО ќе му (пре)судат амандмани


Денеска, првпат по одморите, пратениците  ќе седнат во собраниските клупи. На дневен ред ќе го добијат законот за Обвинителство со кој се бара начин како да се продолжи иднината на Специјалното јавно обвинителство. Предлозите на владата засега не се прифатливи за опозицијата, чии гласови се неопходни при добивањето двотретинско мнозинство. Позициите на власта и на …

На СЈО ќе му (пре)судат амандмани Read More »

Јанева и Вангеловски во ист ден пред разрешување


  Судскиот совет денеска, според најавите, ќе се наврати на прашањето за утврдување одговорност на претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски кое остана отворено на последната седница пред летната ферија. На денешната седница ставени се неколку точки за утврдување одговорност на судија/претседател на суд, како и одлучување по жалбата на одлуката од последната седница за …

Јанева и Вангеловски во ист ден пред разрешување Read More »

Капиталните инвестиции ни четвртина за седум месеци


Во јули биле потрошени помалку буџетски пари за капитални инвестиции отколку во јуни. За седум месеци од годината не е се рализирани ниту четвртина од предвидените капитални инвестиции со Буџетот за 2019. Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека заклучно со 31 јули, ставката капитални инвестиции е реализирана со 24,5 проценти. Тоа се 103,4 милиони …

Капиталните инвестиции ни четвртина за седум месеци Read More »

Премиерски стил: Костумот со риги на Брнабиќ или краватата со риги на Заев?


Тегет боја избраа денес премиерите на Северна Македонија и на Србија, Зоран Заев и Ана Брнабиќ, за пригодната свеченост на пуштањето во употреба на концептот One-stop-shop, заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување на граничниот премин Табановце/Прешево. Брнабиќ во костум со риги и панталони, розова кошула закопчана до грло и откачени бордо …

Премиерски стил: Костумот со риги на Брнабиќ или краватата со риги на Заев? Read More »

Заев ќе биде повикан да сведочи за случајот „Монструм“


Премиерот Зоран Заев ќе биде повикан да сведочи за случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство што се случи кај Смиљковското Езеро, најави обвинителката Фатиме Фетаи на денешното судско рочиште, пишува Фокус. Откако судијата Огнен Ставрев најави дека од наредното рочиште закажано за 5 септември ќе почне со презентирање на „бомбите“, еден од родителите на убиените …

Заев ќе биде повикан да сведочи за случајот „Монструм“ Read More »

Пендаровски: Очекувам напредок на комисијата со Бугарија


Договорот со Бугарија го постигнавме полесно, но во имплементацијата може да имаме проблеми. Во комисијата на историчари има политички влијанија, а околностите и амбиентот не е како пред 5-6 месеци, оцени претседателот на државата Стево Пендаровски на денешниот состанок на Амбасадорскиот совет, на кој два дена ќе се дикутира и ќе се градат насоки за …

Пендаровски: Очекувам напредок на комисијата со Бугарија Read More »

(ВО ЖИВО) На Табановце почнува заедничкото гранично управување со Србија


Премиерите на Северна Макеоднија и на Србија, Зоран Заев и Ана Брнабиќ, на граничниот премин Табановце го означуваат почетокот на заедничкото гранично управување „Оне стоп шоп“. На ГП Табановце – Прешево од денеска се поминува со едно чекање на заедничката испостава што ја воспоставија граничните служби од Северна Македонија и од Србија со проектот за …

(ВО ЖИВО) На Табановце почнува заедничкото гранично управување со Србија Read More »

Брисел за СЈО: Веруваме во институции, не во личности


Белгија – Европската Комисија смета дека на македонските политички сили е да изнајдат договор за замената на Катица Јанева во согласност со законот и потенцира дека нема никаква улога во овој процес. -Воспоставувањето на Специјалното јавно обвинителство на Северна Македонија беше дел од Договорот од Пржино помеѓу сите главни политички партии во земјата, вели Маја Коцијанчич, …

Брисел за СЈО: Веруваме во институции, не во личности Read More »

Нина, покажи се!


Кога Нина Ангеловска ќе влезе во Министерството за финансии, ќе нема многу време за да направи чуда, без оглед кога би биле следните (предвремени) избори. Ама може да направи два-три тивки потези со добри последици, и врз буџетот, но и врз функционирањето на компаниите. Така велат познавачи на економско-финансиското милје што преживеале повеќе политички обезредувања …

Нина, покажи се! Read More »

СОНК најавува штрајк: Неизвесен е почетокот на учебната година


Една недела пред почетокот на учебна 2019-2020 година, Синдикатот за образование (СОНК) се заканува со штрајк. Наставниците се незадоволни од најавеното зголемување на платите од пет отсто. Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски, ѝ дава рок на Владата од уште една недела и бара Синдикатот да биде активен учесник во креирањето на буџетот за образованието за …

СОНК најавува штрајк: Неизвесен е почетокот на учебната година Read More »

Клучна недела за статусот и предметите на СЈО


Судбината на СЈО зависи од Законот за јавно обвинителство и ќе се решава неделава меѓу власта и опозицијата на работни средби и на собраниска седница, додека со оглед на последните барања на адвокатите од одбраната во предметите кои го води СЈО за прекин на постапките ќе се чека и разрешување на состојбата со специјалната јавна …

Клучна недела за статусот и предметите на СЈО Read More »

Каде е кртот?


Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција мора што побргу да одговори како исказ даден во истрага која сè уште е во тек осамна на портал, велат правните експерти. Според нив, објавувањето на записникот од сведочењето на сведокот во случајот „Рекет“, Орце Камчев, не би требало да ја искомпромитира истрагата затоа што во …

Каде е кртот? Read More »

Ахмети: Последните настани со „Рекет“ не се сценарио


Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети смета дека последните настани со случајот „Рекет“ и притварањето на специјалната обвинителка не се сценарио, туку сплет на околности кои треба до крај да се расветлат. – Пред лицето на правдата треба да биде изведен секој кој ги прекршил законите. Не сметам дека ова е сценарио …

Ахмети: Последните настани со „Рекет“ не се сценарио Read More »

Специјалната обвинителка во „специјален“ оддел во затворот во Шутка


Во посебен оддел, со уште една приведена, специјалната обвинителка Катица Јанева ги минува деновите во притвор. Јанева не е во женското одделение, таа е во посебен оддел поради безбедносна проценка на затворската управа, изјави директорот на истражниот затвор Скопје Есад Рахиќ во интервју за Радио Слободна Европа.  -Во принцип ниедно притворено лице не е само. Секогаш …

Специјалната обвинителка во „специјален“ оддел во затворот во Шутка Read More »

Полицаец со лажна диплома 17 години работел во МВР


СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш.(38) од ресенското село Асамати, поради постоење основи на сомнение дека сторил едно продолжено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавениот во периодот од 17.06.2000 до 2002 година набавил лажна диплома за положен завршен испит во ЦСНО „Здравко Чочковски“ во Дебар – училиште за средно образование, IV степен-гимназиско општо образование, во …

Полицаец со лажна диплома 17 години работел во МВР Read More »