(ВО ЖИВО) На Табановце почнува заедничкото гранично управување со Србија


Ана Брнабиќ (фото Б.Грданоски)
Ана Брнабиќ (фото Б.Грданоски)

Премиерите на Северна Макеоднија и на Србија, Зоран Заев и Ана Брнабиќ, на граничниот премин Табановце го означуваат почетокот на заедничкото гранично управување „Оне стоп шоп“.

На ГП Табановце – Прешево од денеска се поминува со едно чекање на заедничката испостава што ја воспоставија граничните служби од Северна Македонија и од Србија со проектот за интегрирано гранично управување „One stop shop” на овој премин.

Премиерите на двете држави Зоран Заев и Ана Брнабиќ на свеченоста на меѓуграничниот простор порачаа дека двете држави со новината го забрзуваат протокот на патници и стока, времето на чекање се намалува двојно, а се отвора и можност за подобра соработка на бизнис заедницата и интеграција на регионот.

– Исполнуваме уште обврска од проектот за интеграција на Северна Македонија и на Србија на регионално и на европско ново – заедничкиот граничен премин Табановце – Прешево кој предвидува заеднико управување на граничните и царинските контроли со едно застанување. Овој проект значително придонесува кон развивање на регионалната економска соработка на Западен Балкан дефиниранана Самитот во Трст од јули 2017 година, и што е особено значајно претставува уште една круна на пријателството и добрососедството помеѓу двете држави, рече премиерот Заев.

Тој потенцираше дека по целосното завршување на патната инфраструктура на двете страни од автопатот, изградбата и проширувањето на царинскиот терминал на овој граничен премин ова е последната фаза од создавањето услови за поголема размена на стоки и полесно движење на граѓаните.

Според Брнабиќ, двете држави први воспоставија заедничко гранично упрваување во овој дел на Европа Новиот едношалтерски заеднички граничен премин на границата меѓу Србија и Македонија, како што нагласи Брнабиќ, ќе овозможи побрз проток на товарните возила и претставува сигнал којшто треба да ја охрабри регионалната трговија и трговската размена.

Преку ГП Табаноце лани поминале околу 200 000 камиони, што е една четвртина од вкупниот промет на товарни возила. Се очекува, истакна Заев, тој годинава да се зголеми за 30 проценти и да достигне 260.000.

Намаленото време на поминавње на границата ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи меѓу двете држави и на транзитните, а на деловните луѓе за половина ќе им се скрати времето на царинските постапки, контролите ќе се вршат на едно место од страна на царинските служби, предвидено е меѓусебно признавање на сертификатите на граничните агенции, ќе се намали можноста за царински измами.