Капиталните инвестиции ни четвртина за седум месеци


Во јули биле потрошени помалку буџетски пари за капитални инвестиции отколку во јуни. За седум месеци од годината не е се рализирани ниту четвртина од предвидените капитални инвестиции со Буџетот за 2019.

Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека заклучно со 31 јули, ставката капитални инвестиции е реализирана со 24,5 проценти. Тоа се 103,4 милиони евра, од предвидените 422,2 милиони евра за 2019.  

Гледано на месечно ниво, во јули биле платени нешто повеќе од една милијарда денари(17,6 милиони евра) за патишта, пруги, гасификација и други крупни инфраструктурни проекти. Најдобар месец бил јуни, кога биле инвестирани 27,8 милиони евра.  

Се очекува со ребалансот на буџетот да се намали оваа ставка, а парите да бидат пренасочени за други потреби.

(А.С.)