Камчев бара нов пасош за да тера бизнис во Швајцарија и во Турција


Бизнисменот- осомничен во „Империја“ Орце Камчев бара уште еден привремен пасош од судот, јави ТВ 24. Планира во следната година да патува на веќе закажани бизнис- состаноци во Турција, Швајцарија. Шестмесечниот пасош за кој доби зелено светло од Катица Јанева му истекува утре. Дали повторно треба да добие ист ваков пасош ќе одлучи судот по […]

Пендаровски во Рим: Благодарение на Преспанскиот договор влегуваме во НАТО


Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на дводневната посета на Италија, денеска одржа предавање на реномираниот Универзитет „Ла Сапиенца“. Во своето предавање, пред студентите и професорите од Универзитетот, претседателот Пендаровски, како што јавија од неговиот кабинет, се осврнал на три теми: Преспанскиот договор, ЕУ и аспирациите на Северна Македонија кон Унијата, како и на предизвиците со […]

Нова средба Заев – Мицотакис, овој пат во Солун


Премиерите на Северна Македонија и на Грција Киријакос Мицотакис и Зоран Заев ќе имаат билатерална средба на маргините на „Thessaloniki Summit 209”, што следниот четврток и петок, на 14 и 15 ноември, ќе се одржи во Солун, јави МИА. Средбата официјално ја соопштија од кабинетот на грчкиот премиер. Учеството на самитот, Мицотакис ќе го искористи […]

Засега просветарите нема да штрајкуваат


 Штрајкот на просветните работници е ставен во мирување до конечната понуда од Министерството за образование и наука, изјави денеска претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков. Неделков напомена дека штрајкот е ставен во мирување врз основа на анализите дека за зголемување на платите на Министерството за образование и наука му се […]

Една изборна единица ќе привлече гласачи


Премиерот Зоран Заев денеска изрази надеж дека ќе биде постигнат консензус за промена на Изборниот модел со една изборна единица, повторувајќи дека со тоа губат големите партии, ќе загуби и СДСМ, но ќе се отстрани можноста за какво било авторитарно однесување во иднина. Заев одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на „Граматиката на современиот ромски […]

Заев: Има повеќе причини зошто треба да дозаврши ревизијата на учебниците


Има повеќе причини зошто треба да се дозаврши ревизијата на учебниците, што е отпочната, заради тоа што во нив има не само цели навредливи реченици, ставови или слично, туку има и многу неточни работи кои се дефинирани со апсолутната вистина и тие треба да бидат отстранети, истакна денеска премиерот Зоран Заев. Тој посочи дека не […]

Заев: Груевски не може да избега од казната и одговорноста


-Никој не може да избега од казната и од својата одговорност, па вклучително и Никола Груевски, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање по денешната промоцијата на Граматиката на современ ромски јазик. -Светот е глобално село. Никој не може да избега од казната и од својата одговорност. Јас верувам дека многу брзо ќе го […]

Заев: Новата методологија за преговори би била фер шанса за нас


Премиерот Зоран Заев денеска изрази очекување дека новата методологија за преговори на Европската Унија, може да се адаптира до првата меѓувладина конференција, што се одржува после неколку месеци од донесување одлука за почеток на преговори. – Новата методологија би била фер шанса за нас, ако не бива успеваме во тој процес и тоа е одржливо, […]

Хан: Се надевам дека ќе се ревидира одлуката за преговори со Скопје и Тирана


Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан утрово за последен пат се обрати пред Комисија за надворешни работи на Европскиот Парламент во својство на вршител на сегашната функција, на дебатата фокусирана главно на Западниот Балкан. Еврокомесарот уште еднаш изрази жалење што земјите членки на ЕУ не постигнаа консензус во октомври за отпочнување на преговорите […]

Николовски ќе биде шеф на изборниот штаб на СДСМ, Шекеринска задолжена за програмата


Централниот одбор на СДСМ, на синоќешната седница, на предлог на претседателот Зоран Заев едногласно го избра Љупчо Николовски за шеф на изборниот штаб на СДСМ. Централниот одбор ја задолжи заменик-претседателката на партијата Радмила Шекеринска да ги координира активностите за новата изборна програма на партијата, за изборите на 12 април. Притоа е оценето дека клучните столбови […]

Одржана првата средба на Пријателите на Северна Македонија во Европарламентот


Во Европскиот Парламент вчера попладне се одржа првата средба на неформалната група „Пријателите на Северна Македонија“, на иницијатива на словенечката европратеничка, Ирена Јовева, од редовите на Либералите. – Со оваа група на пријателство сакаме да ги промовираме и негуваме односите помеѓу Европската Унија и Северна Македонија. Неодамнешната одлука на блокирачкото малцинство во Советот не треба […]

„Мал шенген“ се враќа на „голема врата“ во Охрид


На 9 ноември во Охрид ќе продолжат трилатералните средби меѓу властите на Македонија, Албанија и Србија за олеснување на протокот на стоки, услуги, капитал и луѓе. Датумот за одржување на втората средба, во рамки на иницијативата за воспоставување т.н. „мал шенген“, го објави вчера српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој соопшти дека телефонски разговарал со премиерите […]

Француските барања за преговорите подетално на следниот Советот за општи работи


Подеталните барања на Франција во врска со методологијата на преговарачкиот процес ќе бидат изнесени на состанокот на министрите за надворешни работи и Европа на земјите од ЕУ, кој ќе се одржи на 19 ноември во Брисел, а проширувањето на Унијата и формално ќе биде на дневен ред на средбата. Прашањето ќе се дискутира, но не […]

Груби: Aпсурдно е да се дискутира за промена на изборен модел пет месеци пред избори


Пратеникот Артан Груби од ДУИ денеска изјави дека политичките партии усогласиле измени на Изборниот законик, во кој не се предвидува промена на изборниот модел. -Вчерашната средба, беше неформална средба на ентузијасти. Ние остануваме на формалниот состав кој што дискутира промени на изборниот законик и тоа е во рамките на Министерството за правда. Неделава имавме сите […]

Јанушев: Изборен модел не се менува неколку месеци пред избори


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека од правна гледна точка и од аспект на граѓаните не треба да се  пристапи кон менување на изборниот модел на неколку месеци пред закажаните предвремени парламентарни избори и останува на предлогот за мнозински модел со 120 изборни единици, вели генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, коментирајќи го отсуството на претставник од […]

Жбогар: Рано е да се зборува за нова методологија, ЕУ останува тука со или без датум за преговори


Високата политика треба да се остави во Брисел, а Делегацијата на ЕУ останува тука, без оглед дали земјава добила или не датум за почеток на преговори со Унијата, изјави денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар во однос на новата методологија на преговарање, пред почетокот на Работилницата за финансиска поддршка што ја овозможува ЕУ. – Многу е рано […]

„Систина“ го тужи Боки 13 за неплатен долг за операција


Денешното рочиште на кое Систина бара 634.251 денари отштета за долг направен од обвинетиот во случајот со рекетот Бојан Јовановски-Боки 13 е одложено откако е откажано полномоштвото на адвокатот на тужениот. Долгот од над 10 илјади евра е врз основа на неплатена операција во клиниката „Систина“, во која сопственички врски има и сведокот за „рекетот“ […]

Спасовски: Изборите нема да го пролонгираат ветингот во МВР


Процесот на ветинг во полицијата тече. Избран е моделот, формирана е работна група која ќе работи на тоа дали да се оди на нов закон или измена на законските решенија. Тоа треба да заврши до почетокот на следната година и оттогаш да почне проверката. Ова го истакна министерот за внатрешни работи одговорајќи на новинарски прашања […]

ЈОРСМ: Иднината на истражниот центар на СЈО треба да се реши со нови одредби


Иднината на истражниот центар, вработените, опремата и се што е поврзано со функционирањето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) треба да се реши со нови одредби кои треба да се донесат од надлежен орган, велат за МИА од Јавното обвинителство на […]

Спасовски: Да не шпекулираме за бегството на Спасов, истрагата нека ја утврди одговорноста


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите дека во бегството на поранешниот специјалец се вмешани и некои полициски службеници, нагласи дека има разни шпекулации и оти полицијата не смее своите одлуки да ги темели на ниво на шпекулации. Истакна дека вчера конечно Јавното обвинителство во Штип отвори […]