„Медена земја“: Две историски номинации за Оскар


Македонскиот документарен филм „Медена земја“ е номиниран во две категории за најпрестижните филмски награди во светот: најдобар документарен филм и најдобар интернационален филм.    

Nord-Mazedonien l Dokumentarfilm, Filmemacher des Land des Honigs (Petr Stojanovski )

Не една, туку две посебни причини ќе имаат македонските вљубеници во филмот со нетрпение да го очекуваат годинешното 92. доделување на  филмските награди- Оскар. Документарецот на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов ќе биде во најтесната конкуренција за освојување на две од најпрестижните златни статуетки во филмската индустрија.

„Медена земја“, како што беше соопштено денеска, на 10 февруари во Долби театарот во Лос Анџелес ќе биде во трката за најдобар документарен филм со уште четири кандидати: „Пештерата“, „Американска фабрика“, „За Сама“ и „Работ на демократијата“.

Македонскиот филм е номиниран и во категоријата најдобар меѓународен филм заедно со „ Корпус кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција, „Болка и слава“ од Шпанија и „Паразит“ од Јужна Кореја.

Неполна година откако ја израдува Македонија со триумфот на најголемиот американски фестивал на независен филм Санденс, „Медена земја“ го заокружи својот неверојатен пат добивајќи номинација за Оскар. (Detsche Welle)