Спасовски: Не би сакал да шпекулираме за личностите во техничката влада


Имаме уште доста време, заради тоа што во политиката времето е релативна работа и јас сум насочен апсолутно да ги реализирам приоритетите додека сум министер за внатрешни работи, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе биде премиер на техничката влада. – За сите прашања што ќе бидат за формирањето …

Спасовски: Не би сакал да шпекулираме за личностите во техничката влада Read More »

Девет години затворска казна за Ѓоко Поповски


Кривичниот суд денеска на повтореното судење ја потврди казната од девет години затвор за поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски, кој е обвинет за злоупотреба на службената положба во случајот „Триста“. Судиката Добрила Кацарска, која е на чело на Судечкиот совет, повторно му ја одреди истата пресуда на Поповски. Поповски беше осуден на казна …

Девет години затворска казна за Ѓоко Поповски Read More »

Ципрас: Се надевам ЕУ набрзо ќе сфати дека направи историска грешка


Ирационално е она што го стори Европската Унија и се надевам дека набрзо ќе сфатат оти направија историска грешка, која не треба да стане фатална, изјави лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер Алексис Ципрас во интервју за Крит ТВ, говорејќи за европската перспектива на Северна Македонија и Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА …

Ципрас: Се надевам ЕУ набрзо ќе сфати дека направи историска грешка Read More »

Германска амбасада: Од суштинско значење се преговорите на С.Македонија со ЕУ


Германската амбасада во Скопје преку соопштение изрази поддршка кон европската перспектива на нашата земја. Тие велат дека започнувањето на пристапните преговори на Европската унија со С.Македонија е и останува да биде суштинско прашање на безбедноста и стабилноста во Европа. „Германија е на посебен начин поврзана со Западен Балкан, не само политички, туку и економски и …

Германска амбасада: Од суштинско значење се преговорите на С.Македонија со ЕУ Read More »

Големите партии ќе кешираат милион евра по сезона


Новиот предлог-буџет, кој треба да се донесе до крајот на годината, ќе покаже колку точно пари од џебот на граѓаните ќе бидат потрошени за предвремените парламентарни избори, иако сумата, според проценките, не би требало значајно да се разликува од сумата од 7,5 милиони евра кои беа потрошени на последните парламентарни избори во 2016 година. Партиите, …

Големите партии ќе кешираат милион евра по сезона Read More »

Жбогар за МИА: Да се воздржиме од ветувања за датум, фокусот да биде на вистинските промени


Испорачавте се што беше побарано од вас, го исполнивте вашиот дел. Но во Европската Унија одлуките за овие прашања се носат едногласно, а за жал ние повторно го одложивме ова прашање. Го разбираме разочарувањето на граѓаните и на политичарите од одлуката на Европскиот Совет во Брисел, но остануваме посветени на Северна Македонија и на регионот. …

Жбогар за МИА: Да се воздржиме од ветувања за датум, фокусот да биде на вистинските промени Read More »

СДСМ ќе избира нов премиер пред Нова година


Се очекува денеска Владата да одржи редовна седница – прва по неуспехот што го доживеа земјава на самитот на ЕУ во Брисел и по најавата за вонредни парламентарни избори во април следната година. На „Илинденска“, како што соопштуваат соговорници оттаму, главно, останува сè по старо во наредните околу два и пол месеци, односно до почетокот …

СДСМ ќе избира нов премиер пред Нова година Read More »

Заев: Ќе закочам со оптимизмот


Премиерот Зоран Заев вечерва во интервју за емисијата „360 степени“ изрази задоволство што 27 земји потврдиле дека Северна Македонија е успешна и оцени дека за несогласувањето на Франција да се отворат преговорите со ЕУ со нашата земја, причината не сме ние. Заев вечерва одговараше на прашања поврзани со најновите настани во врска со недонесувањето на …

Заев: Ќе закочам со оптимизмот Read More »

(ВИДЕО) Коалицијата „За подобра Македонија“ стана коалиција „За обнова на Македонија“


На вечeрашната средба на коалициските партнери им предложив, а тие едногласно прифатија Kоалицијата „За подобра Македонија“ да се преименува во коалиција „За обнова на Македонија“ и немаше забелешки за датумот на предвремените парламентарни избори, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. -На Македонија и е потребна обнова после овој арамилак што и се случува веќе трета …

(ВИДЕО) Коалицијата „За подобра Македонија“ стана коалиција „За обнова на Македонија“ Read More »

Заев: ВМРО-ДПМНЕ бега од брзи избори


ВМРО-ДПМНЕ бега од брзи избори, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата 360 степени на АлсатМ. Тој вели и дека понудиле два датума за во декември, но опозицијата ги одбила. -Де факто ВМРО-ДПМНЕ не треба да цепидлачи 100 дена да биде Владата. Треба да ја има Пржинската влада. Дефинитивно бегаат од избори. Знаете како: …

Заев: ВМРО-ДПМНЕ бега од брзи избори Read More »

Вајгл: ЕУ ја измами Северна Македонија


Неотворањето на пристапните преговори со Северна Македонија е катастрофална одлука што го поткопува кредибилитетот на ЕУ и нејзините институции кај сите земји со кандидатски статус, оцени Иво Вајгл, поранешен словенечи пратеник во Европскиот парламент и известувач за земјава во периодот од 2014 до 2019 година. Во интервју за Еуропијан Вестерн Балканс, Вајгл силно го критикува …

Вајгл: ЕУ ја измами Северна Македонија Read More »

Државните ревизори не можат да влезат во ниту една државна институција


Државните ревизори веќе не можат да влезат и да направат финансиска контрола во ниту една државна институција. Вработените во Заводот велат дека не можат да си ги вршат редовните задачи, бидејќи парламентот им ги врза рацете. Имено, Заводот за ревизија со месеци нема главен ревизор, а од почетокот на месецот му истече мандатот и на …

Државните ревизори не можат да влезат во ниту една државна институција Read More »

Жбогар: Испорачавте се што беше побарано од вас, за жал ние повторно одложивме


Испорачавте се што беше побарано од вас, го исполнивте вашиот дел. Но во Европската Унија одлуките за овие прашања се носат едногласно, а за жал ние повторно го одложивме ова прашање. Го разбираме разочарувањето на граѓаните и на политичарите од одлуката на Европскиот Совет во Брисел, но остануваме посветени на Северна Македонија и на регионот. …

Жбогар: Испорачавте се што беше побарано од вас, за жал ние повторно одложивме Read More »

Изборите ќе го пролонгираат планираниот Попис на населението


Одлуката за одржување на предвремени Парламентарни избори на 12 април 2020 година го доведува во прашање терминот за одржување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија планиран да биде спроведен во периодот , изјави денеска на прес-конференција директорот на Државниот завод за статситика Апостол Симовски. – Терминот април е воопшто непогоден …

Изборите ќе го пролонгираат планираниот Попис на населението Read More »

Историската грешка на Макрон со Северна Македонија и Албанија


Јутарњи лист – Загреб Како и многу пати порано, арогантната хрватска јавност дури и не се осврна на неодамнешниот настан што го потресе она што го нарекуваме „регион“. Се разбира, станува збор за одлуката на Европскиот совет да не отвора преговори за членство со Северна Македонија и Албанија. Одлука која длабоко ја компромитира Европската унија, …

Историската грешка на Макрон со Северна Македонија и Албанија Read More »

Што предвидуваат одредбите за преодна влада на 100 дена пред избори


По лидерската средба што се одржа вчера кај претседателот Стево Пендаровски, учесниците најавија дека се договориле да се одржат предвремени парламентарни избори на 12 април идната година. Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев по средбата изјави дека тие ќе бидат спроведени по т.н. „пржински модел“ со преодна Влада која треба да почне да функционира …

Што предвидуваат одредбите за преодна влада на 100 дена пред избори Read More »

Плевнелиев: Лидер од типот  „Груевски“ може да се врати во Македонија


„Проблемот со Северна Македонија е многу сериозен“, коментира поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, во врска со одложувањето на одлуката за отворање преговори за пристапување на Албанија и Северна Македонија во Европската унија и предвремените избори во земјата. Плевнелиев го нарече ова „голем неуспех на ЕУ во толку важна област“ и предвиде дека има шанса реваншистички …

Плевнелиев: Лидер од типот  „Груевски“ може да се врати во Македонија Read More »

Заев ќе отстапи од премиерското столче, ама останува во политичкиот ринг


Кога во јуни минатата година го потпишуваа Преспанскиот договор, премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, беа свесни дека може да платат висока политичка цена за затворањето на речиси тридеценискиот спор меѓу двете земји. „Сметката“ на Ципрас стигна за наплата во јули годинава, кога Сириза замина во опозиција на предвремените парламентарни …

Заев ќе отстапи од премиерското столче, ама останува во политичкиот ринг Read More »

Повели народе, пак на тазе избори


Без оглед на епилогот на вчерашната лидерска средба кај шефот на државата Стево Пендаровски и евентуалното заедничко прецизирање на датумот кога би се одржале предвремените парламентарни избори, партиите веќе со денови крстосуваат по државата во битка за гласови. Во прилично патетичната атмосфера по разочарувањето од Брисел, тој обид за наметнување на некаква партиска победничка еуфорија …

Повели народе, пак на тазе избори Read More »

Преку ноќ не се случуваат ни брзи избори


Три опции имаше на маса премиерот Зоран Заев во петокот – ден пред да објави дека презема политичка одговорност за неуспехот на Македонија на самит на ЕУ во Брисел. Првата варијанта беше да поднесе оставка од премиерското место така што ќе остави претседателот Стево Пендаровски да го даде мандатот за формирање влада на друг кандидат …

Преку ноќ не се случуваат ни брзи избори Read More »