(Видео) Владата го прифати предлогот за карантин од утре до понеделник


Министерот за здравство Венко Филипче соопшти вечерва дека Владата го прифатила предлогот на Комисијата за заразни болести за враќање на ригорозниот полициски час во одредени градови и региони во земјата. Според анализите на Комисијата, на  неколку локации во земјата има брзо ширење на вирусот поради грубо непочитување на мерките, и тоа во Скопје, во Куманово, […]

Нови четири жртви од Ковид-19 и 101 заболен


Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај со Ковид-19 и тоа во: Скопје-59, Куманово-12, Штип-7, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-6, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-3, Кочани-3, Пробиштип-2. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 10 оздравени пациенти и четворица починати. Оздравените се од: Тетово-8 и Велес-2, соопшти Министерството за здравство. На Клиниката […]

„Лидл“ влегува во Македонија?


Германскиот трговски синџир „Лидл“ планира да отвори свои продавници и во Македонија, објави специјализираниот месечник „InStore“ повикувајќи се на свои извори. „Засега нема информација кога точно тоа би се случило, но нашите извори кажуваат дека подготовките на ‘Лидл’ веќе се влезени во сериозна фаза“, пишува месечниот магазин. Сепак, како што додаваат, од седиштето на компанијата […]

Денес околу 100 нови позитивни на Ковид-19


 Околу 100 нови случаи со коронавирус се потврдени во изминатите 24 часа, но се уште се работат и други земени брисеви, информираа за МИА од Институтот за јавно здравје. Неофицијално бројката стигнува до 115 случаи. Истите извори посочија дека од новодијагностицираните случаи со Ковид-19, најголем број се од Скопје. Поради големиот број заразени, се очекува […]

Дури 548 од 655 од активните инфекции се во четири градови


Продолжениот прв бран од епидемијата на корона вирусот донесе драматично концентрирање на новите инфекции во само одредени региони во Македонија. Во четири градови – Скопје, Штип, Тетово и Куманово – се дури 83,6 отсто од вкупниот број активни случаи. Бројот на активните случаи во земјава денеска е 655, а од нив во четирите градови се […]

За рестриктивни мерки ќе се носи одлука во среда или четврток


Во однос на рестриктивните мерки се уште нема одлука. Ќе ги следиме бројките денеска и утре, а во среда или четврток ќе се донесе одлука, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција. Toj рече дека се работи за втор бран од Ковид-19, но дека имаат искуство од првиот бран и здравствениот систем подготвен […]

Која е Антифа, организацијата што сака да ја забрани Трамп?


Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе ја прогласи Антифа за домашна терористичка организација. Вашингтон веќе го  стави во погон Федералното биро за истраги (ФБИ) во повеќе градови за да ги пронајде членовите на групата. „Насилството поттикнато и спроведено од Антифа и други слични групи во врска со немирите е домашен тероризам и ќе се […]

Шилегов: Се работат сите неопходни сценарија ако има карантин во Скопје


Не треба да импровизираме кога е Ковидот во прашање, туку да се придржуваме на препораките и барањата што ги има Комисијата за заразни болести, нагласи денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов. Тој, одговарајќи на новинарско прашање дали кризниот штаб размислува за некакви мерки, доколку дојде до ситуација да се стави Скопје повторно во карантин, […]

Скопје со најмногу активни случаи на Ковид-19, најголем дел се во Чаир и Сарај


Најмногу активни случаи на болни од КОВИД- 19 има во Скопје, по што следуваат Тетово, Штип, Куманово и Велес. Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека во земјава моментално има вкупно 606 активни случаи. Од нив, 298 се во Скопје, 83 во Тетово, 68 во Штип, 55 во Куманово и 27 во Велес. Од […]

Се разговара за воведување рестриктивни мерки во Сарај, Чаир, Гази Баба, Студеничани, Штип


Утрово се разговарало и за носење порестриктивни мерки, но заеднички став е да се почека уште неколку дена, рече министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Под рестриктивни мерки се смета ограничување на движењето на граѓаните локално каде има повеќе случаи, а исто така и воведување полициски час, исто така локално во општините каде […]

Нови 89 случаи на заразени со Ковид-19, починати седум лица


Во земјава денеска се регистрирани нови 89 позитивни случаи на корона вирус. Од Институтот за јавно здравје, за МИА наведоа дека во изминатото деноноќие починале седум лица инфицирани со Ковид-19. Министерот за здравство Венко Филипче ќе одржи прес-конференција во 15 часот за најновите информации со ситуацијата со Ковид-19.  

Арсовски за политичките пресметки преку МВР: Попрво ќе падне Чулев, отколку Владата


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денес порача дека дека датумот за избори е завршена работа и ќе се одржат на 5 јули, бидејќи е неодговорно да се остави државата без парламент и со техничка влада во која опозицијата е настроена деструктивно. Со изјавата Заев директно ја посочи техничката влада како причина зошто сака брзи избори, […]

Џафери: Не може во недоглед да живееме во вонредна состојба


Партиските лидери мора да покажат одговорност за излезно решение, бидејќи не може државата да продолжи со постојана вонредна состојба, изјави денеска собранскиот спикер Талат Џафери во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“. „Во однос на актуелната состојба, знаете дека сум кажал дека не смееме да се зачудиме ако дојдеме во ситуација да и во вонредна […]

И вицепремиерката Мила Царовска во самоизолација


Се зголемува бројот на функционери кои се во самоизолација – утрово и потпретседателката на Владата, Мила Царовска, на нејзиниот Фејсбук профил објави дека е во самоизолација, откако нејзиниот сопартиец, Мухамед Зекири вчера објави дека е позитивен на корона вирусот. „Ја информирам јавноста дека од денес сум во задолжителна самоизолација, откако вчера колегата Мухамед Зекири е […]

Консензус за изборите или ќе решат институциите


Добро е сите да учествуваат во изборниот процес, а политичките партии да го покажат демократскиот капцитет и да понудат опции за граѓаните, рече премиерот Оливер Спасовски по денешната координативна средба  на кандидатите за пратеници за Изборна единица 2 од коалицијата на СДСМ  во Куманово. -Јас посакувам политичките партии да имаа разбирање и консензус, пред се за почитувањето […]

Комисијата за заразни болести ќе расправа за отворање на границите


 Владата и даде насоки на Комисијата за заразни болести да се разгледа и прашањето за отварањето на границите, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски во Куманово по завршување на  координативна средба на кандидатите за пратеници за Изборна единица 2 од коалицијата на СДСМ. – Владата даде насоки на Комисијата за заразни болести да се разгледа и […]

Тимоние: Потребна е политичка одлука за изборите, но да се одржат што побрзо


Европските дипломати имаат потреба од соговорник. Потребен им е легитимен соговорник, но и функционална администрација која тесно ќе соработува со легитимна политичка власт, и на европските дипломати во овие околности особено им се неопходни одлуки. Но, тоа значи дека од една страна постојат ограничувањата кои ни се познати, а се поврзани со епидемијата и таа […]

(ВИДЕО) Протестите се проширија низ цела Америка


Протестите поради смртта на Џорџ Флојд, Афроамериканец кој беше брутално задушен од полициски службеник во понеделникот во Минеаполис, се проширија низ цела Америка, од источниот до западниот брег на земјата. Протестите и нередите поради расизмот и самоволието на униформираните лица ги вратија спомените од свежите изблици на гнев по случаите на полициско насилство и стрелби […]

Почнува четвртата вонредна состојба во земјава


Зголемениот број заразени и починати лица од коронавирусот е главна причина за четвртата вонредна состојба во државава што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски. Оваа одлука, како што рече Пендаровски, ја носи исклучиво за да им се овозможи на Владата и на останатите надлежни институции поефикасно да се справуваат со здравствените и со економско- социјалните ефекти […]

Како помина Македонија, а како други држави кои издадоа обврзници во време на пандемијата


Финансиските пазари се неизвесни и никој не може да знае целосно какво ќе биде однесување на инвеститорите кога ќе се понуди обврзницата, велат економисти Дали Македонија плати превисока цена за еврообврзницата што ја издаде деновиве и дали беше избран соодветниот термин за целиот овој процес, кој траеше во изминатите месец-два, се некои од прашањата кои […]