Се разговара за воведување рестриктивни мерки во Сарај, Чаир, Гази Баба, Студеничани, Штип


Фото: Б. Грданоски

Утрово се разговарало и за носење порестриктивни мерки, но заеднички став е да се почека уште неколку дена, рече министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

Под рестриктивни мерки се смета ограничување на движењето на граѓаните локално каде има повеќе случаи, а исто така и воведување полициски час, исто така локално во општините каде има зголемен број новодијагностицирани.

Филипче појасни дека овие мерки би се вовеле во Општините Чаир, Студеничани, Гази Баба, Сарај и Штип, каде има поголем број дијагностицирани случаи во последните денови, но нагласи дека одлуката ќе ја донесат до рајот на неделата.

Покрај високите бројки на заразени нема пациенти кои се јавуваат во болниците, значи се со полесна слика и може да се лекуваат во домашни услови. Еден добар дел се асимптоматски, вели Филипче.

Вчера се направила поопсежна анкета меѓу новозаболените, која покажала дека повеќето се лекувата дома, оа здравствениот систем ќе го издржи и новиот бран на болеста.

Повеќе од 70 отсто од новите случаи се од познати кластери, пред се во Сарај и Чаир, но еве, денеска нема многу нови забележани таму, што значи дека ситуацијата таму спласнува.

Во Штип новодијагностицираните се околу оние пациенти кои претходно беа дијагностицирани од конфекциите.

– На состанокот на Кризниот штаб кој го води градоначалникот беше донесена одлука да се затворат пет конфекции до следниот понеделник – рече Филипче.

Министерот појасни дека членовите на СДСМ кои биле во контакт со заболениот Мухамед Зекири, како и со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, се тестирани, се чекаат резултатите.

Сепак, Филипче вели најверојатно премиерот Спасовски, со оглед на тоа со кој се бил во контакт, ќе оди во самоизолација 14 дена.