Нови 89 случаи на заразени со Ковид-19, починати седум лица


Фото: Б. Грданоски

Во земјава денеска се регистрирани нови 89 позитивни случаи на корона вирус.

Од Институтот за јавно здравје, за МИА наведоа дека во изминатото деноноќие починале седум лица инфицирани со Ковид-19.

Министерот за здравство Венко Филипче ќе одржи прес-конференција во 15 часот за најновите информации со ситуацијата со Ковид-19.