Заев: Новата Влада ќе работи на зголемен економски раст и подобрување на живеачката на граѓаните


Здравјето на граѓаните пред се, а потоа и зголемен економски раст до 2024 година, со крајна цел подобрување на живеачката на граѓаните. Ова го најави мандатарот за состав на новата Влада и претседател на СДСМ Зоран Заев, кој одговарајќи на новинарски прашања за време на прославата на Денот на градот во Макединска Каменица рече дека […]

Градинките може да почнат со работа и во септември


Се уште не е одлучено кога ќе почнат со работа, но тоа може да се случи во септември, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче. На прашањето кога ќе се отворат градинките министерот рече дека се е подготвено и на владина седница ќе треба да се одлучи кога точно ќе почнат со работа, а според […]

Под сто нови случаи со Ковид-19, земјите од регионов ќе изработат протокол за отворање на границите


Во земјава во претходното деноноќие се регистрирани 89 нови случаи со Ковид-19 од направени 1.529 тестирања. Починати се седум пациенти, а оздравени 215 лица. Во меѓувреме, на видеоконференција на тема Ковид-19 во земјите од Западен Балкан, Грција и Бугарија, државите од регионов се договорија да изработат протоколи за отворање на границите. Вкупната бројка на Ковид […]

„Астрономски центар“ крај Прилеп (галерија)


Паралелната база за заштита на податоци на Министерството за внатрешни работи крај Прилеп е еден од најспектакуларните објекти изградени во Македонија последниве децении. Во овој кружен бетонски објект, кој има посебно јадро во средината, треба да се чуваат информативните бази на МВР. Во голема мрежа на моќни компјутери  во иднина ќе се чуваат податоците на […]

Младите и одморите забрзано го шират вирусот во Прилеп


За само четири дена има регистрирано нови 44 инфекции од корона вирусот. Дури 31 процент од заразените во последниот месец се на возраст меѓу 20 и 39 години   Анета Блажевска БИТОЛА – Расте бројот на млади лица во Прилеп кои се позитивни на корона вирусот. За последните десет дена се развија осум кластери, бројот […]

Сојузот на средношколци, сепак, ќе протестира в понеделник


Средношколскиот сојуз не отстапува од закажаниот протест в понеделник (31 август) и покрај тоа што со вчерашната одлука на Владата почетокот на учебната година е одложен за еден месец односно за 1 октомври. Сојузот бара почетокот веднаш да биде со комбиниран модел на настава, а не онлајн, во општините кои немаат многу заразени со коронавирусот. […]

Се намалува бројот и процентот на позитивни на коронавирусот


Нови 119 случаи заразени со коронавирусот од направени 2.065 тестирања, пет починати, 297 оздравени пациенти, е билансот од претходното деноноќие. Починати се пет пациенти од кои двајца од Скопје (49 г. и 50 г.), еден од Тетово (46 г.), еден од Куманово (63 г.) и еден од Прилеп (82 г.). Сите се починати во болнички услови. Институтот за јавно здравје регистрира […]

Објавена програмата на новата влада – од „е-инспектори“ до отворени листи на локалните избори


Предлог програмата на новата влада, што ќе се најде на расправа во Собранието во сабота, е ставена на јавен увид на веб страната на собранието (Линк: https://www.sobranie.mk/materialdetails.nspx?materialId=a8c37bad-35f6-4dda-b820-4b28a5419092  ) На 54 страници содржани се детални политики во сите области,од мерките во економијата до е-дипломатијата. Во овој амбициозен документ владата се обврзува на многу промени и политики […]

Објавен протоколот за училиштата: Родителите секој ден да им мерат температура на децата


Владата денеска на седница ги усвои протоколите за одвивање на наставата со физичко присуство на учениците во учебната година која ќе почне на 1 октомври, наместо на 1 септември. Оваа година е предвидена комбинирана настава со одредени исклучоци. Од Владата појаснуваат дека задолжителното физичко присуство на учениците од прво до трето одделение опфаќа и исклучоци за […]

Заев: Новата влада ќе ги решава проблемите дома


Мандатарот Зоран Заев претпладнево изјави дека новата влада ќе има неколку фокуси кои ќе бидат главно насочени кон домашната политика: ковид-кризата и последиците од неа, но и правосудството, економијата, образованието, економијата и екологијата, како и големи инвестиции во јавното здравство. Тој утринава го достави до Собранието предлог-составот и програмата на новата влада откако ноќеска до […]

Заев: Учебната година ќе почне на 1 октомври


На први октомври ќе почне учебната година, одговори на новинарско прашање мандатарот за состав на новата влада, Зоран Заев, повикувајќи се на разговорите што ги имале со се’ уште актуелниот министер за образование, Арбр Адеми. Заев рече дека се земени сите аспекти почнувајќи од здравствените услови, работата на градинките и препораките на здравствените власти, но […]

Верификувани мандатите на новите пратеници, се очекува изборот на новата влада


Собранието доцна синоќа ги верификуваше мандатите на пратениците кои доаѓаат на местото на идните министри во владата. Седницата траеше долго со неколкучасовни паузи бидејќи поединечно беа констатирани оставките на идните министри, а потоа по добивањето на извештајот од Државната изборна комисија, беа верификувани мандатите на идните пратеници. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од Левица ја напуштија […]

Климата во Скопје како и животот може да нѐ изненади (галерија)


Животот како и климата може многу да ве изненадат. Особено во Скопје. Среќата да се претвори во тага. По сонце да истури дожд. Убавото време да се претвори во невреме. Во природата постои виша сила, а во животот најчесто ние си ја кроиме судбината. Некаде сонцето, а некаде дождот е најголем подарок од бога, кој […]

Родителите потпишуваат потврди дали да одат децата во училиште


Родителите на ученици низ земјава добиваат анкетни листови за тоа дали ќе прифатат нивното дете да посетува онлајн настава или настава со физичко присуство. Со нив треба да се изјаснат дали сте согласни или не сте согласни нивното  дете да посетува настава во училиште според планот и протоколите на Министерството за здравство и Министерството за […]

Стигнуваат потврди: Вирусот се враќа кај веќе излечените, вака може до недоглед


  Еден пациент во Холандија и уте еден во Белгија повторно се заразени со корона вирус. Како што јави холандскиот радиодифузен систем НОС, оваа седмица се појавија информации за еден маж во Хонконг кој повторно се заразил со корона вирус по 4,5 месеци откако оздравел. Во изјава за холандскиот сервис, вирусологот Марион Копманс вели дека […]

Синдикат на полицијата: Зошто специјалци се праќаат да обезбедуваат куќарки?


Синдикатот на полицијата смета дека се незаконски решенијата на министерот за внатрешни работи со кои полициски службеници без никаков правен основ добиле решенија за распоредување надвор од нивните места на живеење. -Да биде апсурдот уште поголем, деновиве истото се случува во Одделот за специјални полициски операции.. Повторно „по предлог“ на раководител, а во согласност со […]

Собранието ќе го утврдува бројот на потпретседатели, можно е и констатирање оставки на идните министри


Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи втората седница на која на дневен ред е Предлог-одлуката за утврдување на бројот на потпретседатели. Пред седницата се очекува да биде констатирана и оставката на пратеникот Фљорин Бесими, брат на предлогот за министер за финансии Фатмир Бесими од ДУИ, а можно е до пред почетокот на […]

Заев во среда ќе го предложи составот на новата влада


Предлог-составот на министрите од Демократската унија за интеграција останува непроменет, потврди лидерот на ДУИ, Али Ахмети во изјава за ТВ21 . Ахмети, како што се наведува, објаснил дека нема нови имиња од неговата партија и покрај неколкуте барања кои ги имало во партијата. Според партиски извори, пак, лидерот на СДСМ Зоран Заев во среда до […]

Ахмети не го дава Бујар Османи


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, нема намера да го промени списокот на министри предложени за новиот владин кабинет. Како што пренесе агенцијата ИНА, Артан Груби ќе биде министер за политички систем, додека Бујар Османи ќе биде министер за надворешни работи, а со цврста поддршка зад нив стои Ахмети. Денеска ќе се организира последната средба со […]

Сојузот на средношколци идниот понеделник со протест ќе бара комбинирана настава


Сојузот на средношколци информира дека за понеделник, 31 август, го одложува протестот што го најави за петок затоа што 28 август е неработен ден за верскиот празник Голема Богородица. Протестот ќе биде против одлуката за целосно онлајн-настава. Сојузот се залага за комбиниран модел и каде што дозволуваат условите да се применуваат различни локални методи. Според […]