Градинките може да почнат со работа и во септември


Се уште не е одлучено кога ќе почнат со работа, но тоа може да се случи во септември, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

На прашањето кога ќе се отворат градинките министерот рече дека се е подготвено и на владина седница ќе треба да се одлучи кога точно ќе почнат со работа, а според него градинките се подготвени и може да почнат со работа и во септември.

-Уште пред неколку месеци ги разработивме новите протоколи за градинките во таа смисла со намалување на бројот на децата во групите и едукацијата на воспитувачите сметам дека е безбедно отворањето на градинките, датумот за нивно отворање ќе биде одлучен на владина седница, лично сметам дека тие може да почнат со работа и во септември, изјави Филипче.