Заев: Новата Влада ќе работи на зголемен економски раст и подобрување на живеачката на граѓаните

Здравјето на граѓаните пред се, а потоа и зголемен економски раст до 2024 година, со крајна цел подобрување на живеачката на граѓаните. Ова го најави мандатарот за состав на новата Влада и претседател на СДСМ Зоран Заев, кој одговарајќи на новинарски прашања за време на прославата на Денот на градот во Макединска Каменица рече дека со зголемениот раст на БДП очекува и зголемена минимална и просечна плата во државата.

-Една работа која треба да ја знаат граѓаните е дека мора прво да го помине предизвикот Ковид-19. Знаеме дека е важна борбата за секое работно место, за сочувување на секоја плата. Навистина граѓаните сакаат да го одминат и здравствениот аспект на кризата, но и економскиот аспект на кризата. Здравјето на граѓаните е најважно за сите, а потоа и живеачката. Економскиот подобар живот на граѓаните на РСМ е императив. Во изминатите три години во кои имавме чест како социјал-демократи да ја водиме Владата, успеавме покрај големите прашања, решавањето на проблемот со Грција, со Бугарија со членството во НАТО, меѓуетничките отворени прашања ги затворивме во државата и имавме искрена надеж дека после се, можеме сите овие придобивки да ги искориситиме за подобар стандард, за подигање на плати на граѓаните. Ако успеавме во две ипол години -1,8 проценти да го подигнеме расттот на БДП за 3,6 проценти за 5500 денари да ја подигнеме платата, да ги подигнеме минималните примања на граѓаните, социјалната помош за 300 отсто, сега со решени проблеми ќе можеме многу повеќе да го подигнеме еконосмкиот стандард на сите граѓани, рече Заев.
Според поранешниот премиер и кандидат за иден премиер, за ова да се случи ќе треба да се работи многу.
-За тоа прашање ќе треба да работиме сите. Јас сум максимално посветен да се посветам на подобрување на живеачката на нашиот народ, а тоа значи средување на системот, ред, правда, поредок, борба против криминалот и корупцијата, но и економијата. Ако работиме сите, ако си го почитуваме законското време од 8 часа и 8 часа работиме, а не саат-два, а после гледаме да ја избегнеме одговорноста, ќе се движат тешко работите. Но ако си работиме заради тоа што сите треба да обезбедиме живеачка, ќе успееме. Нашата економија е силна, имаме одлична географска поставеност, имаме квалитетен млад кадар, имаме образование кое дава гаранција на иднината на сите наши млади, иако постојат сериозни реформи соодветни на третата деценија во 21 век во кој живееме, но на крајот е важно дали ќе ги засукаме ракавите и ќе работиме. Ние најодоговорно кои што добиваме чест од нашиот народ најмногу треба да работиме. Но треба сите да сработиме, јас верувам во една општествена кохезија помеѓу сите нас, буквално да бидеме посветени на максимилизација на придобивките еднакво за сите во нашата земја и верувам дека ќе успееме, рече Заев.
Меѓу првите мерки кои ќе се разгледат уште на првата седница, Заев рече дека ќе бидат донесувањето економски мерки за помагање на граѓаните.
-Веќе ги направивме и буџетските анализи и состојби, сакам да знаат нашиот народ сите граѓани дека државата постои да им помогнеме, следниот пакет мерки ќе ги развиеме во разговор со синдикатите, работниците и коморите, се со цел да им помогнеме на граѓаните и да секоја криза ја искористиме како нова можност, така што очекуваме да ги вратиме стабилните четири проценти раст. Дај Боже и повеќе ако можеме да успееме, во зависност како ќе ја одминеме кризата. Очекувам дека минималната плата ќе расте, во целиот овој период дека просечната плата ќе расте, но ќе има работа за сите, целта е да може да избираме работа, да бидеме унапредени во нашиот живот,  да имаме уште поквалитетни примања од тие што сме ги имале сите, а истовремено и да се европеизираме, затоа што претстои периодот на поглавјата, преговорите и европеизацијата на нашата земја, додаде Заев од М.Каменица.
На прашањето на што прво ќе се фокусира новата Влада по нејзиниот избор Заев рече дека дефинитивно тоа се новите чекори со кризата, образованието и детските градинки.
-Освен образованието, за нас е многу важен развојот на четвртиот пакет од мерките кои внимателно ќе ги развиеме во дослух со работотдавачите, со синдикатот: Една од првите работи кои исто така ќе ги направиме е да падне објектот на Мавровка кој е дивоградба и ќе направиме се додека не ги утврдиме правните прописи. Исто така законите кои не поминаа во Собранието, се работи за многу квалитетни закони за пензионирање порано, тоа го имаме затоа што 7 до 8 проценти растат приходите во ПИОМ, каде има таква можност. Точно е дека ќе бидеме Влада посветена дома, затоа што претходно бевме посветени на меѓународните прашања. Денес сме пријатели со сите соседи, сме интегрирана земја и верувам дека ќе има економска придобивка за сите и буквално зголемување на правосудниот систем и веќе кажавме посветеност на образованието, здравството, културата и други сегменти, рече Заев одговарајки на новинарско прашање на што прво ќе се посвети Владата по нејзиното формирање.