Климата во Скопје како и животот може да нѐ изненади (галерија)


Фото: Б. Грданоски

Животот како и климата може многу да ве изненадат. Особено во Скопје. Среќата да се претвори во тага. По сонце да истури дожд. Убавото време да се претвори во невреме. Во природата постои виша сила, а во животот најчесто ние си ја кроиме судбината.

Фото: Б. Грданоски

Некаде сонцето, а некаде дождот е најголем подарок од бога, кој луѓето не знаат да го ценат. Носат бериќет, радост, оптимизам, меланхолија, дури и депресија, ама кој да му погоди на човечкиот род?

Фото: Б. Грданоски

Во Скопје некој не може да избега од дождот, а некој ги сака сончевите зраци до фатални дамки на кожата.

Фото: Б. Грданоски

Овој август во Скопје, колку беше сончев, толку и дождлив, со грмотевици. Деновиве пак настапи освежување пред најавените тропски температури до 38 степени.

Фото: Б. Грданоски

Како е да ве фати пороен дожд во Скопје, погледајте ја фото-галеријата на нашиот фоторепортер Борис Грданоски.

 

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б: Грданоски