Шанса за Центар: Над 100 јавни објекти во Скопје се греат на нафта и мазут   


Празните муабети, декларативните заложби и фрази за загриженост што ги расфрлаат големите партии нема да го решат проблемот со загадувањето на воздухот од кој секоја година прерано губиме луѓе, порачаа од Шанса за Центар, кои тврдат дека се уште над 100 јавни објекти во Скопје се греат на нафта и мазут .    -Ние од […]

Во бугарското собрание се гласа нова декларација за Македонија


На последната седница на собраниската Комисија за надворешна политика во Бугарија едногласно била усвоена декларација која мора да се достави на гласање на пленарна седница. Документот „категорично ги осудува актите на насилство и повиците на насилство врз Бугарите во РСМ, нивните организации и клубови, а особено тешкото злосторство врз Бугаринот Христијан Пендиков и цврсто инсистира […]

Ќе ја урне ли Бугарија трговската размена од една милијарда евра?


  Еко-патеката на планината Беласица најверојатно ќе биде првата колатерална „жртва“ на најновото заострување на политичките односи на релација Софија – Скопје, а слична судбина може да доживеат и други меѓудржавни билатерални проекти. Така барем најави бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, кој завчера изјави дека „ништо повеќе нема да биде исто во односите […]

Бугарските провокации имаат цел да не се направи промена на Уставот: Интервју со Ѓорѓи Спасов


  Сѐ што се случува во изминатава недела во македонско-бугарските односи е дел од „империјалните амбиции“ на Софија кон Македонија и македонскиот народ. Кога после неколкуте вета дојде францускиот предлог и целата „рамковна позиција“ на Софија се сведе само на впишувањето на Бугарите во Уставот, почнаа провокациите преку формирањето на низа клубови на Бугарите во […]

Извор од ЕУ: Македонија реагираше навремено и соодветно за инцидентот во Охрид


  Извор од Европската унија не гледа логика за натамошната ескалација на тензиите меѓу Македонија и Бугарија бидејќи тоа не е во интерес ниту на едната ниту на другата земја, ниту на соседите, ниту на Унијата. Уште повеќе, Македонија ја смета за земја во која генерално и континуирано има добра практика во  почитувањето на правата […]

Официјална Софија потклекна на провокацииите, реагира македонското МНР


  Министерството за надворешни работи смета дека последните активности на официјална Софија не се во согласност со договорената практика за унапредување на меѓусебните односи. Повлекувањето на бугарскиот амбасадор од земјава, според МНР, е неоснован и непоткрепен чекор со валидни аргументи. „Министерството за надворешни вработи со внимание ги следи изјавите и активностите кои доаѓаат од Република […]

Советот на Скопје го одби барањето на Арсовска за кредит од 10 мил. евра за нови автобуси


  Со 15 гласа „за“, еден против и 18 „воздражни“, советниците на Град Скопје, на денешната седница, не го поддржа предлогот на градоначалничката Данела Арсовска за задолжување со кредит кај домашна банка за набавка на нови еколошки автобуси за градскиот сообраќај.  Советниците од СДСМ кои се во опозиција беа воздржани, а појаснија дека не можат […]

Бугарија не го враќа амбасадорот во Скопје и ќе ги суспендира меѓудржавните проекти со Македонија


  Бугарија ќе ги прекине сите заеднички меѓудржавни проекти со Македонија поради претепувањето на охриѓанецот Христијан Пендиков, објави бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков по седницата на собраниската Комисија за надворешни работи. Нема да се врати и бугарскиот амбасадор во Скопје додека Софија не видела вистински напредок во борбата против говорот на омраза и […]

Адвокати ќе поднесат предлог-закон за амнестија на осудените за настаните од 27 април


  Адвокатската канцеларија „Јанаки Митровски“ и адвокатската канцеларија „Пешевски и Тимовски“ утре до сите пратенички групи и пратеници во Собранието ќе поднесат предлог-закон за амнестија на осудените за крвавите настани од 27 април 2017 година, со предлог сите оние кои се осудени на казни затвор до десет години да бидат ослободени од понатамошно издржување на […]

Германија попушти: Ќе испрати тенкови во Украина


  Сега е официјално. По вчерашните најави во медиумите германската влада денеска објави дека има намера да испорача повеќе од десетина тенкови „Леопард 2“ на Украина. Покрај тоа, таа сака да им дозволи на другите земји да ги предадат овие тенкови од нивните сопствени резерви. Канцеларот Олаф Шолц го објави ова за време на седницата […]

Спасовски: На 4 февруари ќе одлучиме дали Џамбаски ќе влезе во Македонија


  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски запрашан дали европратеникот Ангел Џамбаски на чествувањето на Гоце Делчев, на 4 февруари ќе биде вратен од граница, кратко одговори дека тој ден ќе одлучат што ќе прават. За Спасовски врвен приоритет е Владата да го зачува мирот и стабилноста во државата. „Не е добро за политичките односи […]

Џафери нема да свика седница за проблемите со Бугарија


  Претседателот на Собранието Талат Џафери не сакаше денес да го  коментира своето учество на партиските собири на ДУИ и забелешките од новинарите дека како претседател на Собранието на партискиот лидер Али Ахмети му се обраќа со „команданте“, нешто што е неуместо во 2023 година. „И да е 2101 година на Ахмети ќе му се […]

Агелер: Уставните измени треба да се усвојат


  Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, денеска од Гостивар порача дека уставните измени треба да се усвојат за земјава да се придвижи напред. Според неа, пратениците треба да гласаат за да има напредок. „Знам дека е тешко, но треба да се усвојат уставните измени што знам дека не е баш омилен и популарен чекор, но […]

Пендаровски бара Џамбаски да се стави на „црната листа“ на Македонија (ВИДЕО)


  Претседателот Стево Пендаровски на седницата на Советот на безбедност што се одржа попладнево им предложил на институциите, односно Владата и МНР, да го прогласат бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски за персона „нон-грата“, што би значело да му се забрани влез во Македонија. Освен за него, шефот на државата предлага забрана и за други бугарски државјани, […]

Перфидно загрозување на европската агенда – Ковачевски за претепувањето во Охрид


  Претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид не е случајно, туку тоа е начин како да се одвлече вниманието од нашата европшска идинина. „И тоа на перфиден начин“ –  вака премиерот Димитар Ковачевски ја оцени големата бура што настана во државава и во односите меѓу македонија и Бугарија по насилството врз Христијан Пендиков. […]

„Титаник 2“: Сашо Мијалков, Мендух Тачи и другите обвинети добија по две години затвор


  Судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани одново го пресудија предметот „Титаник 2“ кој се однесува на изборни нерегуларности сторени на изборите во 2013 година. Судот ги ценел сите олеснителни и отежителни околности и ги огласи сите осомничени за виновни. На повтореното судење, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков е осуден на казна затвор од две […]

Вучиќ го напушти состанокот во седиштето на партијата, рече дека е подготвен да поднесе оставка


Србија – Претседателот на Извршниот комитет на Српската напредна партија (СНС), Дарко Глишиќ синоќа изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доколку остане на своите ставови да поднесе оставка тоа ќе биде крајот на СНС. Тој синоќа за белградски медиуми изјави дека ова ќе биде крај на кариерата што СНС ја имаше на српската политичка сцена, […]

Учебниците по математика и општество за II одделение ќе се делат во второ полугодие


Учениците од второ одделение на почетокот на второто полугодие ќе ги добијат учебниците по математика и општетство, најави денеска министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. Тој пред почетокот на второто полугодие истакна дека годинава ќе има и дел од учебниците за средно гимназиско образование, а речиси сите учебници за средно стручно образование ќе бидат […]

Во Македонија регистриран првиот случај на корона со новиот сој „кракен“


  Институт за Јавно Здравје (ИЈЗ) утрово соопшти дека кај еден пациент е детектиран новиот подсој на омикрон познат како „кракен“. -Кај еден примерок, од вкупно 32, е детектирана XBB.1.5 омикрон сублинијата позната како Кракен. Пациентот кај кој е детектирана новата сублинија е од Гевгелија, a примерокот е земен на 11.01.2023 година, соопшти ИЗЈ. ИЗЈ додава […]

Таравари вели дека уште нема предлог за влегување на Алијансата во Владата, а нема ни партиска одлука


  Алијанса за Албанците денеска во Куманово ги избра новите раководни тела на партијата, но не донесе одлука дали партијата ќе учествува во Владата или ќе продолжи како опозиција. Таа одлука му е оставена на Претседателството на партијата. Претседателот на АА, Арбен Таравари, пред почетокот на Централното собрание, изјави дека досега немало предлог на премиерот […]