МНР со демант до Софија: Не беше договорено заедничко чествување на Гоце Делчев


Министерството за надворешни работи денеска демантираше дека со Бугарија било договорено заедничко чествување на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев. Исто така, се посочува дека Бугарија не направила доволно да спречи радикални поединци да искажуваат и натаму територијални претензии кон нашата земја.  Реакцијата доаѓа откако вчера официјална Софија преку долго соопштение објави дека македонските […]

Силно невреме во Европа: Во Србија отсечен Копаоник, во Хрватска ветриштата уриваа дрвја и покриви


Снежно невреме и силни ветришта зафатија повеќе земји во Европа во саботата предизвикувајќи големи материјални штети, а во Полска беа регистрирани и две жртви. Како што пренесуваат агенциите, во Чешка, Словачка, Полска, сообраќајот беше парализиран, откако падна големо количество снег, што предизвика и бројни други компликации. Слично беше и во регионот, односно во Хрватска и […]

Државниот врв положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев, ситуацијата мирна (Галерија)


  Во прилично воздржана атмосфера и програма која што одеше набрзина државниот врв положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во скопската црква „Свети Спас“ за да го одбележи денот на неговот раѓање. Цвеќиња положија и претставници на политички партии. Претседателот Стево Пендаровски беше сам, додека премиерот  Димитар Ковачевски беше придружуван од уште неколкумина министри. […]

Џамбаски не доаѓа, од Бугарија стигнуваат сто души


  Веројатно ќе бидат избегнати ситуациите кои можат да бидат провокативни и од сериозен безбедносен ризик откако утринава се дозна дека оној што најмногу провоцираше досега – европратеникот на бугарското ВМРО, Ангел Џамбаски, нема да се упати кон Скопје на одбележувањетоп на денто на раѓањето на Гоце Делчев. Наводно, тој требало да оди на пат […]

Секој кој е добронамерен е добредојден во „Св. Спас“, вели Ковачевски


  Владата не добила најава дека делегација од Бугарија ќе присуствува утре на одбележувањето 151 година од раѓањето на Гоце Делчев, соопшти премиерот Димитар Ковачевски кој апелираше чествувањето во црквата „Св.Спас“ да биде мирно и достоинствено и дека за тоа е задолжено Министерството за внатрешни работи.   – До овој момент од кабинетот на премиерот […]

Мрачен данок на инвазијата – Русија веќе има 200.000 ранети и убиени во Украина


  ВАШИНГТОН – Бројот на убиени и ранети руски војници во Украина се приближува до 200.000, што е силен симбол за тоа колку лошо помина инвазијата на претседателот Владимир Путин,според американските и другите западни претставници Иако официјалните лица предупредуваат дека жртвите е тешко да се проценат, особено затоа што се верува дека Москва рутински ги […]

„Економист“: Македонија е „демократија со недостатоци“, политичката култура главен проблем


  Македонија остана во групата на „Демократија со недостатоци“ во Индексот на демократија за 2022 година на лондонски „Економист“. Таа е на 72. место, едно погоре од минатогодишното рангирање, кога за прв пат по долги години излезе од групата „Хибридни режими“. Но вкупниот скор за извештајот за 2022 е само малку повисок. Во извештајот објавен […]

Хаос во српското собрание, Вучиќ ја надвикува опозицијата (Галерија)


  За време на седницата на српскиот парламент, на која претседателот Александар Вучиќ го образложува француско-германскиот предлог за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, опозициските пратеници од десничарскиот блок развиорија голем транспарент на кој пишуваше „Не за капитулацијата“. Во еден момент пред клупата каде што седи Вучиќ дојде до туркање и кошкање на пратеници […]

Полицијата чува, правнукот на Гоце Делчев апелира за достоинствен 4 февруари


  Полицајци во униформи и во цивил веќе се распоредени околу црквата „Св. Спас“ за да го обезбедат  пристапот кон гробот на Гоце Делчев. Полицијата е присутна на терен најмалку два дена за да ги спречи најавите за самоорганизирано доаѓање на граѓани што може да предивика инциденти и судир меѓу групи Македонци и дојдени Бугари. […]

Апел на српски јавни личности за прифаќање на предлогот на ЕУ за Србија и Косово


  Руската агресија против Украина ги забрза геостратешките поместувања и, во таа смисла, неминовно го доведе косовското прашање на преден план. Предлогот што ЕУ и САД им го понудија на Србија и на Косово со цел консолидирање на состојбите на Балканот е резултат на овие нови околности и потребата за стабилизирање на регионот и дефинитивно […]

Русија собира оружје и војска за голема офанзива, вели Украина


  Русија се подготвува за „максимална ескалација“ на војната во Украина, потенцијално во следните неколку недели, според висок претставник на украинската национална безбедност. „Овие ќе бидат дефинирачки месеци во војната“, изјави Олексеј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, во интервју за Скај њуз емитувано во вторник. „Свесен сум дека главните […]

Таравари: Влегувањето не е дефинитивно, но шансите Алијансата да влезе во Владата се огромни


Не е дефинитивно влегувањето на Алијансата за Албанците во Владата, но шансите за тоа се огромни. Околу 90 проценти од програмските определби се синхронизирани, но за кадровските решенија воопшто не разговаравме, изјави денеска лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, по средбата со премиерот Димитар Ковачевски. За кадровските решенија, како што посочи, ќе разговараат во […]

Автобусите стојат, решение нема, Арсовска не сака да разговара, вели директорот на „Макекспрес“


  Ситуацијата со приватните автобуски превозници е блокирана, решение нема на повидок, вели директорот на здружението „Макекспрес“, Милорад Димитријевски, во разговор за „Независен“. Тој нема идеја кога би можел да дојде крај на оваа неизвесност. Според него, контролите што беа направени од УЈП покажале дека наодите кај нив биле во ред. Димитриевски вели дека имал […]

Спасовски ги повика граѓаните да не подлегнуваат на повици на патриотски здруженија


  МВР ги презема сите потребни активности за обезбедување мирно и безбедно чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Тогаш кога ќе се процени дека треба да има поголемо присуство на полицијата ќе го има, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјава за медиумите по вториот панел од годишната конференција „Година […]

Годината почна со многу убиства во семејствата. Зошто доаѓа до тоа?


  „Син уби татко“, „Татко уби син“, „Ги убил мајка му и баба му, а сакал да го убие и чичко му“ се дел од насловите со кои се полнеше црната хроника по медиумите во јануари годинава. Застрашувачки се насловите, но и статистиката која вели дека дури шест убиства се извршени од Нова година, а […]

Во „годината на нови можности“ Владата повика да се усвојат уставните измени


  Преку повеќе панели Владата денеска ја започна конференцијата за одбележување на нејзината прва годишнина што ќе трае два дена – целта е преку дискусија да се направи пресек на она што е направено во 2022 година и да се дадат насоки и визии за 2023 година. Конференцијата има наслов „Година на нови можности“. Отворајќи […]

Арсовска сменета од функцијата во ЗЕЛС, нов претседател Орце Георгиевски од Кисела Вода


Неочекувано, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовск,а ја изгуби една од најважните функции во државната локална самоуправа – претседателка на ЗЕЛС. Таа денеска е разрешена од претседателка на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) со едногласна одлука на Управниот одбор. Барањето за нејзино разрешување стигна од градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а предлогот нејзин наследник […]

ВМРО-ДПМНЕ пак го притиска Таравари. Алијансата мирна и вели одговори да побараат кај Груевски


  Кокетирањето, а и јавната и прикриена меѓусебна поддршка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алјансата за Албанците изгледа веќе е завршена. ВМРО-ДПМНЕ продолжува речиси секојдневно да ја напаѓа Алијансата откако партијата на Арбен Таравари објави дека многу сериозно размислуваат за влез во Владата, па дури направи и тим за преговори. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на денешната […]

Ѓоковиќ по десетти пат го освои Австралија опен: Ова е најголемата победа во мојот живот


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес во финалето на Австралија опен го победи Гркот Стефанос Циципас со 3:0, по сетови 6:4, 7:6 и 7:6. Србинот по 10-ти пат во кариерата го освои турнирот во Австралија и по 22 пат дојде до трофеј на Грен слем изедначувајќи се со Шпанецот Рафаел Надал на вечната листа победници. Ѓоковиќ […]

Газдите бараат да плаќаат боледување само за 15 дена


Од 30 на максимум 15 дена, да се намали бројот на денови што се плаќаат за боледување, а се на товар на работодавачите, бараат текстилните и кожарските компании. Ангел Димитров, претседател на Здружението што ги застапува интересите на овие два сектора, вели дека сè почесто добиваат поплаки од работодавачите за злоупотреба на боледувањата и дека […]