Порака од Берлин: Ако нема реформа на ЕУ нема да има ни проширување


  Германија ќе се согласи со пристапување на нови земји-членки само ако овој процес е придружен со реформа на ЕУ со цел да не се загрози способноста на блокот да дејствува, изјави Јерг Кукис, државен секретар во германската влада и главен советник на канцеларот Олаф Шолц на настан организиран од „Еурактив“. Повикот за реформи во …

Порака од Берлин: Ако нема реформа на ЕУ нема да има ни проширување Read More »

Некој свесно измислува невистини околу Охридската архиепископија, велат од Историската комисија


  Членовите на македонскиот тим во историската комисија преку соопштение ги отфрлија наводите во одредени медиуми дека на последната средба се разговарало за црковното прашање на МПЦ-ОА. Притоа тие реагираат и на некоректното информирање на јавноста за темите кои се предмет на дискусија во работата на Комисијата. „И покрај јасно искажаните погледи и ставови на …

Некој свесно измислува невистини околу Охридската архиепископија, велат од Историската комисија Read More »

Штајнмајер утре доаѓа во Скопје


Претседателот на Сојузна Република Германија Франк-Валтер Штајнмајер од 29 ноември до 1 декември ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Посетата на Штајнмајер, како што се наведува на официјалната веб страна на германскиот претседател, треба да се фокусира на ситуацијата во регионот, влијанието на руската агресивна војна во Украина и тековната поддршка на …

Штајнмајер утре доаѓа во Скопје Read More »

Русите спремаат нова мобилизација, се прегрупираат во три правци


  Од Генералштабот на украинската војска соопштена е ситуацијата на терен за претходниот ден при што е наведено дека Русите се прегрупираат во три правци и дека планираат нова мобилизација. Руската мобилизација, која предизвика масовно бегство на мажите од државата, завршена е на 28 октомври, а рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека тогаш …

Русите спремаат нова мобилизација, се прегрупираат во три правци Read More »

Крупни новини во платежната сфера од 1 јануари – Советот на НБ донесе 12 подзаконски акти


Oд почетокот на следната година, покрај банките  платежни услуги ќе може да даваат и платежни институции, штедилниците, како и институции за електронски пари. За таа цел, Советот на Народната банка усвои сет подзаконски акти со кои се операционализира новата правна рамка во платежната сфера која ја поставува Законот за платежни услуги и платни системи, чија примена ќе …

Крупни новини во платежната сфера од 1 јануари – Советот на НБ донесе 12 подзаконски акти Read More »

Царината заплени 26 илјади таблети екстази со вредност од 200 илјади евра


   Инспектори од мобилните тимови на Царинската управа запленија 26 илјади таблети екстази со вкупна тежина од околу 12 килограми, 84 грама кокаин и 31 грам марихуана, со проценета вредност од 200 илјади евра, кои требало да бидат дистрибуирани во земјава. Направени се и дополнителни претреси на неколку локации и до Основното јавно обвинителство е …

Царината заплени 26 илјади таблети екстази со вредност од 200 илјади евра Read More »

Русите го напуштија Херсон и сега го гранатираат 17 пати на ден (Галерија)


  Руските трупи продолжуваат со ракетните напади врз Украина: на 24 ноември, Херсон беше гранатиран 17 пати, изјави шефот на воената администрација во Херсон, Галина Луговаја (десет мртви во регионот); во Киев и Киевската област половина од градот остана без струја поради напади, изјави градоначалникот Виталиј Кличко. Министерството за одбрана на Руската Федерација негира дека …

Русите го напуштија Херсон и сега го гранатираат 17 пати на ден (Галерија) Read More »

На пописот во Бугарија како Македонци се изјасниле 1.143 лица


  За време на последниот попис на населението на Бугарија во септември минатата година како Македонци се изјасниле 1.143 лица. Тоа денеска го соопшти Националниот статистички институт на Бугарија соопштувајќи ги податоците за етничката припадност на населението според одговорите на попишаните. Со датумот 7 септември 2021 за Бугари се изјасниле 5.118.494 лица или 84,6 отсто …

На пописот во Бугарија како Македонци се изјасниле 1.143 лица Read More »

Широк Сокак во Битола, македонскиот архитектонски бисер, пропаѓа со стареењето


  БИТОЛА – Најпознатата и најубавата амбиентална улица во Битола, во државата и пошироко на Балканот, битолски Широк Сокак, полека старее и се руинира иако е ставена под заштита на државата како културно наследство. Заедно со велелепните градби на Широк Сокак пропаѓаат и неколку десетици други објекти кои се во централното градско јадро, старите конзулати, …

Широк Сокак во Битола, македонскиот архитектонски бисер, пропаѓа со стареењето Read More »

Над 20.000 луѓе умреа од топлотните бранови ова лето во западна Европа


  Повеќе од 20.000 луѓе умреа ширум западна Европа во топлотните бранови ова лето, на температури кои практично ќе беа невозможни без климатскиот колапс, покажуваат бројките. Анализата на вишокот смртни случаи, разликата помеѓу бројот на смртни случаи што се случиле и оние што се очекуваат врз основа на историските трендови, ги откриваат заканите од глобалното …

Над 20.000 луѓе умреа од топлотните бранови ова лето во западна Европа Read More »

Ковачевски бара да се однесуваме европски, да не ги напаѓаме бугарските клубови


  Потребни се културно–информативни центри коишто ќе ги зближуваат граѓаните на двете држави и двете држави, а не клубови кои ќе предизвикуваат негативни емоции. Нашите граѓани да бидат достоинствени и да се однесуваат со европски манири, како на држава членка на НАТО и држава која има отворено преговори со ЕУ, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски. …

Ковачевски бара да се однесуваме европски, да не ги напаѓаме бугарските клубови Read More »

(Видео) Милиони во локдаун во Кина, се чудат што се случува на Светското


Џенгџу е град во средна Кина во кој се наоѓа голема фабрика за производство на ајфони, а нареди затворање на шест милиони луѓе по наглиот пораст на случаи со Ковид-19, што предизвика големи протести во тоа индустриско средиште. Стотици работници – демонстранти пред фабриката се соочија со полицијата наоружана со палки и облечени во бели …

(Видео) Милиони во локдаун во Кина, се чудат што се случува на Светското Read More »

Војната се развлекува, санкциите го земаат данокот, а Русите стануваат покритични спрема Путин


  Ноември и декември во Москва се познати како најдепресивни месеци во годината. Деновите се кратки и мрачни, времето е премногу студено и влажно за да се биде на отворено, а во исто време сè уште е премногу топло и дождливо за да уживате во вистинска руска зима. Годинава чувството на меланхолија е уште поголемо, …

Војната се развлекува, санкциите го земаат данокот, а Русите стануваат покритични спрема Путин Read More »

Народната банка со надолни корекции за растот на БДП, нагорни за инфлацијата


  Раст на домашниот бруто-производ од два до 2,3 отсто оваа година и на инфлацијата од 14,3 отсто предвидува Народната банка во најновите макроекономски прогнози кои ги презентира денеска гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Ова претставува надолна проекција за економскиот раст, а нагорна за инфлацијата  во однос на претходните априлски проекции, рече таа на прес конференција во …

Народната банка со надолни корекции за растот на БДП, нагорни за инфлацијата Read More »

Короната е тука, за седум дена од Ковид-19 починале седуммина


  Министерството за здравство престана со медиумите да споделува податоци за новозаразени со Ковид-19 и за починати лица од болеста, а на интернет страницата на Институтот за јавно здравје може да се најдат неделни податоци за состојбата со пандемијата. Во периодот од 14 до 20 ноември од Ковид-19 починале седум лица, три во Скопје и …

Короната е тука, за седум дена од Ковид-19 починале седуммина Read More »

Ќе има промени кај блок тарифите за струјата, најави Бектеши


  Промена кај втората и третата блок тарифа за електрична енергија од 1 јануари идната година најави денеска како можност министерот за економија Крешник Бектеши.  Одговарајќи на прашање на новинарите за можноста граѓаните кои штедат да добијат некаква награда, Бектеши рече дека нашата земја прва во регионот вовела стимулативни мерки преку воведувањето блок-тарифи. „Потрошувачката е …

Ќе има промени кај блок тарифите за струјата, најави Бектеши Read More »

Собраниската расправа за Предлог-буџетот почнува утре, Бесими очекува голем интерес за дебата


Во Собранието утре почнува дебатата за Предлог-буџетот за 2023 година што Владата го усвои на 2 ноември. Министерот за финансии Фатмир Бесими очекува голем интерес за дискусија. Во изјава за МИА,  посочува дека инклузивноста е секогаш добредојдена за да се соочат аргументите „за“ и „против“ и да се избере најдоброто. – Дијалогот, дискусијата и слушањето на …

Собраниската расправа за Предлог-буџетот почнува утре, Бесими очекува голем интерес за дебата Read More »

Димовски треба да реферира на затворена седница на Влада за случајот „Онишченко“


  На затворена владина седница денеска се очекува директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски да даде извештај за случајот со давањето на македонско државјанство на контроверзниот Укранинец Олександер Онишченко. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека мора да се утврди одговорност за случајот. Во АНБ, според медиумите,  суспендирани се двајца службеници за пропуст во проверката …

Димовски треба да реферира на затворена седница на Влада за случајот „Онишченко“ Read More »

Граѓаните мрзнат чекајќи автобуси, Арсовска порача да се протестира пред СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ


Граѓаните вечерва мрзнат чекајќи автобуси на јавниот превоз во Скопје, кои никој не знае кога ќе дојдат бидејќи информациите на светлечките табли се целосно погрешни. Истовремено, градоначалничката Данела Арсовска, по неуспешната средба со „Слободен превоз“, една од компаниите која учествува во јавниот превоз во метрополота, порача дека незадоволството превозниците треба да го искажат пред седиштата …

Граѓаните мрзнат чекајќи автобуси, Арсовска порача да се протестира пред СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Суспендирани двајца во АНБ за случајот со Онишченко


Началничка во секторот за стратешка соработка со НАТО службите во АНБ и вработен во истиот сектор засега се единствени виновници на кои им се подготвува суспензија, тврдат за Телма добро информирани извори. Низ нивни раце поминала безбедносната проверка на контроверзниот Олександр Онишченко кој  со обвиненија за корупција и противуставни дејности успешно ја минал контролата на …

Суспендирани двајца во АНБ за случајот со Онишченко Read More »