(Видео) Милиони во локдаун во Кина, се чудат што се случува на Светското

Сцените на веселби без маски и собири во Катар ги иритираат гледачите кои упорно повикуваат да не се собираат за гледање на мечовите.


Џенгџу е град во средна Кина во кој се наоѓа голема фабрика за производство на ајфони, а нареди затворање на шест милиони луѓе по наглиот пораст на случаи со Ковид-19, што предизвика големи протести во тоа индустриско средиште.

Стотици работници – демонстранти пред фабриката се соочија со полицијата наоружана со палки и облечени во бели комбинезони за заштита од зараза. Веднаш потоа градските власти наредија голема кампања за тестирање на корона вирус во повеќе населби кои се затворени пет дена, почнувајќи од петок на полноќ.

Жителите од средиштето на градот повеќе не можат да излезат од својата населба без негативен тест и дозвола од локалните власти. Советувано им е да не ја напуштаат својата населба освен ако не е нужно. Тие мерки погодија половина од населението на Џенгџу и не се однесуваат на делот од градот во кој се наоѓа фабриката за ајфони во која работниците се подвргнати на строги мерки наназад неколку недели.

Во рамки на својата политика „на нула ковид“, која Кина ја применува, и најмал пораст на заразата резултира со затворање цели градови и задолжителен карантин за сите кои се позитивни на Ковид-19. Но, кај повеќето луѓе таа стратегија предизвикува умор, отпор и огорченост.

Нов рекорден број случаи

Министерството за здравство денеска објави нов рекорден број позитивни во последните 24 часа – 31.444 локални случаи од кои 27.517 се без симптоми. Меѓутоа, овие бројки се мали во однос на 1,4 милијарди жители на Кина во запданите делови , пишува Франс прес.

Кинезите се прашуваат дали Светското првенство во фудбал е на друга планета?

Кинеските државни медиуми приаваат големо внимание на фудбалот, но натпреварите кај жителите предизвикуваат фрустрација затоа што имаат чувство дека тие се надвор од случувањата. Иако кинеската репрезентација не се пласира на натпреварот, сцените на веселби без маски и собири во Катар ги иритираат гледачите кои упорно се повикуваат да не се собираат за гледање на мечовите.

Многумина го искористија првенството за по социјалните мрежи да се пожалат околу кинеските анти-ковид мерки, во земјата во која фудбалот е многу популарен. Оваа година чувствуваат силна изолација додека другите гледачи можат слободно да го следат првенството на начин на кој сакаат.

Според коментарите на социјалната мрежа Веибо се гледа дека Кинезите се чувствуваат одделени од остатокот од светот, пишува Би-би-си. Некои зборуваат дека е чудно да видат стотици илјади луѓе како се собираат без маски или ковид-потврда. „Оваа планета навистина стана поделена“, стои во коментарите.

„На една страна на светот се одвива Светско првенство, на друга важат правила според кои не смее да се оди на јавни места пет дена“, вели друг коментар.

Некои во Кина сепак се критички настроени кон земјите кои се отвораат додека СЗО и понатаму зборува за Ковид-19 како за „глобална светска закана“. Летовите меѓу Катар и Кина се лимитирани за да се оневозможи заминување на навивачи на натпреварите да ги следат во живо.

Извинување од „Фокском“ до вработените во фабриката за „ајфон“ во Кина

Компанијата „Фокскон“ која е добавувач на производи за „Ејпл“ денеска објави соопштение со извинување за настаната „техничка грешка“ во нејзините платежни системи, по вчерашните протести на вработените во најголемата фабрика за „ајфон“ во кинескиот град Џенгџу.

Според соопштението, се работи за „техничка грешка во процесот на исплата“, како и дека платите на новоангажираните работници е соодветна на договореното односно како што било посочено во официјалниот оглас за вработување во компанијата.

Компанијата вели дека е во постојана комуникација со засегнатите вработени за платите и бонусите и прави сѐ за да одговори на загриженоста и разумните барања на вработените.

Вработените во фабриката на „Фокскон“ во Џенгџу вчера протестираа, незадоволни од политиката што по однос корона вирусот ја спроведува управата на фабриката и ветувањата дека ќе им бидат исплатени бонуси.

Оние кои ги пренесуваа протестите во живо на социјалните мрежи тврдеа дека работниците биле тепани од полицијата.

„Фокском“ го затвори во карантин кампусот во Џенгџу минатиот месец поради зголемениот број случаи на инфекција со корона вирус, што резултираше многу од вработените да побегнат од работните места и да заминат дома.

Фабриката потоа ангажирала нови работници на кои им биле ветени огромни бонуси. Но, се чини работниците не ги добиле ветените бонуси, а се пожалија и на храната што им се дава додека се изолирани на работните места.

Според изјава на еден од вработните, биле сменети нивните договори за да не можат да ги добијат ветените субвенции, истакнувајќи дека биле ставени во карантин без храна.

Еден работник за Би-би-си изјавил дека вчера добил осум илјади јуани (околу 1.073 евра), а ќе добие уште две илјади јуани.

Вработен во „Фокскон“ вели дека нема повеќе демонстранти надвор од фабриката и дека тој и неговите колеги ќе се вратат на работните места.

Во капацитетот во Џенгџу, што е најголемата фабрика за „Ајфон“ во светот, се вработени повеќе од 200 илјади лица.