Што слушнаа Мицкоски и делегацијата на средбите во Брисел?


  Во денот кога ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги релативизира зборовите на германскиот канцелар Олаф Шолц на прес-конференцијата со Димитар Ковачевски, наведувајќи погрешен превод, во целосен мрак остана посетата на партиската делегација на чело со претседателот Христијан Мицкоски на Брисел. Со него таму беа и двајца потпретседатели, Александар Николоски и Тимчо Муцунски. Освен двете изјави […]

Хонге: Направете ги уставните измени за да ѝ речеме на Бугарија да престане да ве малтретира


  Време е ЕУ да направи место за Северна Македонија за таа да стане членка на Унијата – порача во интервју за „Независен“ Карстин Хонге, заменик-спикер на президиумот на данскиот национален парламент од редовите на Социјалистичката народна партија, која е дел од европските зелени партии. Неговата препорака е што побргу да се усвојат уставните промени, […]

Ципрас си поднесе оставка од функцијата претседател на СИРИЗА


  Одлучив да предложам избор на ново раководство на партијата, за кое нема да бидам кандидат, порача лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во денешната вонредна изјава по состанокот на извршната канцеларија на партијата по поразот на изборите. Ципрас рече дека дојде време да се отвори нов циклус во СИРИЗА. Грчката опозициска партија претрпе голем пораз […]

„Јас гарантирам“: Олаф Шолц тврди дека нема да има нови бугарски барања


  Германскиот канцелар Олаф Шолц вечерва даде убедување до македонската јавност дека на патот на пристапувањето на Македонија кон ЕУ веќе нема да има нови билатерални барања. „За тоа стојам јас, гарантирам“, рече Шолц на прес-конференцијата со македонскиот премиер Димитар Ковачевски во канцеларството во Берлин, притоа ставајќи ја раката кон срцето за да го зголеми […]

Нови условувања од Бугарија не се дозволени, тврди шефот на државата


  Претседателот Стево Пендаровски ги коментира последните изјави на бугарскиот претседател Румен Радев, кој рече дека уставните измени се само почеток на преговорите и се наврати на старите услови од бугарска страна. Пендаровски рече дека со Радев во Подгорица остварил куса куртоазна средба. „Станува збор за рециклажа на старата бугарска приказна, не гледам дека има […]

Уставниот суд затрупан со иницијативи за Преспанскиот договор и Закон за јазиците


  Поважните предмети како Преспанскиот договор и Закон за јазиците ќе бидат ставени на седница во септември, најдоцна октомври, изјави претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. На денешниот брифинг со новинари, таа посочи дека одложувањето на решавањето по овие предмети е поради недоволниот број на судии во Уставниот суд.  – Пратениците и понатаму не избираат […]

Антикорупциска до Груби: Ова е притисок врз нас и обид за дефокусирање на јавноста


  Државната комисија за антикорупција реагира на оценките на вицепремиерот Артан Груби, искажани вчера, дека „не ги бива“ и дека нема резултати од нивната досегашна работа – како ДКСК да ја обвинува некој за корупција а не ДУИ. Во реакцијата стои: „Во право сте господине Груби, Антикорупциска нема капацитет да се вози во службени возила […]

Две сестри близначки меѓу загинатите во рускиот напад на Краматорск


  Две сестри близначки на возраст од 14 години, се меѓу десетте лица кои загинаа во експлозијата предизвикана од ударот на руски проектил во пицерија во градот Краматорск на истокот на Украина. Јулија и Ана Аксенченко загинаа како резултат на нападот, соопшти градското одделение за образование. „Со тага и неподнослива болка известуваме за смртта на […]

Пендаровски не може да замисли сами да се блокираме на патот кон ЕУ


  Претседателот Стево Пендаровски се надева оти до ноември ќе бидат направени уставните измени, за да се избегне државата сама да се блокира за влезот во ЕУ. Тој тоа го изјави одговарајќи на новинарско прашање во рамки на Самитот на шефови на држави и влади на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се […]

Лукашенко потврди: Пригожин е во Белорусија


  Белорускиот лидер Александар Лукашенко изјави дека основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин е во Белорусија, пренесува белоруската државна новинска агенција Белта. Според договорот со посредство на Лукашенко во саботата и со кој заврши бунтот на „Вагнер“ во Русија, Пригожин требаше да се пресели во Белорусија. Неговите луѓе имаа избор да му се придружат или да […]

Украина за прв пат поврати територија окупирана од Русија уште во 2014


  Украинските сили „со голема веројатност“ повторно зазеле територија во источниот регион Донбас на земјата, окупирана од Русија од 2014 година, соопшти Велика Британија. Во саботата, украински командант изјави дека земјиштето било повторно заземено во близина на селото Краснохоривка, окупирано од Русија. Воздухопловните сили оттогаш направија „мал напредок“ источно од тоа село, во Донецк, соопшти […]

Дневната евтина струја се враќа од 1 декември


  Дневната тарифа на евтината струја се враќа од 1 декември, објави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски. Таа ќе биде од 13 до 15 часот. Во наредниот период ќе почне промената на броилата. Бислимоски верува дека тоа ќе може да се направи во наредните пет месеци, иако претходно беше најавено […]

МПЦ вели дека нема да има говор на омраза на протестот в четврток


  Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска преку прес-конференција уште еднаш повика на сенароден протест против законите за родова еднаквост и за матична евиденција, кој треба да се оддржи в четврток на 29 јуни. Како што изјави отецот Јаков стобиски, овој собир не е насочен против никого, туку против содржината […]

Румен Радев влезе во конфликт со ЕУ – имало преголема поддршка за Македонија


  Во долго писмо до европските лидери и институции бугарскиот претседател Румен Радев се жали и на однесувањето на ЕУ спрема европските аспирации на Македонија, и на некои земји-членки, и на лобирањето на Скопје во Брисел, и на усвоената резолуција на германскиот Бундестаг, и дека македонските власти не исполнувале ништо од она што било договорено […]

Дрин Ахмети: Али ми е мотивација, но нема ништо со моите бизниси


  Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денес на прес-конференција тврдеше дека со „нула“ пари добил 39 проценти од акциите во конзорциумот што ќе ја раководи „Соравија“ во Скопје и дека неговата вредност не е тоа што му е чичко лидерот на ДУИ, туку тоа што добро ги водел работите на компанијата […]

Пригожин доби амнестија, Путин му се заблагодари на Лукашенко за договорот со „Вагнер“


  Рускиот претседател Владимир Путин  синоќа телефонски му се заблагодарил на својот белоруски колега Александар Лукашенко за сработеното за решавање на ситуацијата околу приватната воена компанија Вагнер. „Денеска во 21 часот повторно телефонски разговараа претседателите на Белорусија и Русија. Претседателот на Белорусија детално го информираше претседателот на Русија за резултатите од преговорите со раководството на […]

Вагнер на 200 километри од Москва – Пригожин го прекина походот: Се враќаме во базата


Основачот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, се согласи да ја деескалира ситуацијата во Русија, соопшти кабинетот на белорускиот претседател. Во соопштението, објавено на официјалниот канал на белоруското претседателство на Телеграм, се вели дека шефот на платеничката група Вагнер се согласил да го запре натамошното движење на неговите борци низ Русија. На маса е и […]

МНР со повик: Не патувајте во Русија, тие што сте таму, напуштете ја!


 Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија одблиску го следи развојот на состојбите во Руската Федерација и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници. Од Министерството за надворешни работи посочуваат дека во тој контекст се уште е на сила препораката објавена на 28 февруари 2022 година, сите граѓани на Северна Македонија да […]

Пригожин тврди дека Вагнер го зазел Ростов: „Ќе се упатиме кон Москва“


Шефот на руската платеничка група „Вагнер“, Евгени Пригожин, вети дека ќе го собори военото раководство на Русија, неколку часа откако Кремљ го обвини за вооружена побуна. Пригожин кажа дека неговите борци преминале од Украина во Русија и влегле во градот Ростов на Дон, додавајќи дека ќе ги уништат сите кои ќе им застанат на пат. […]

МАНУ со препорака за промена на уставната Преамбула за внесување на Бугарите


  Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите во соработка со Министерството за финансии на Република Северна Македонија и Секретарјатот за европски прашања на Владата на Република Северна Македонија, на 22.06.2023 година одржа научна конференција на тема: „Забрзување на процеост на пристапување на Северна Македонија во ЕУ: Клучни предизвици […]