„Живееше од тролот, ќе умре од тролот“: Путин ја презема деловната империја на Пригожин


  Кога платениците на „Вагнер“ зазедоа голема руска воена база и го започнаа својот вооружен марш кон Москва, членовите на руските федерални безбедносни служби упаднаа во еден од штабовите на Евгениј Пригожин во Санкт Петербург. Маскирани луѓе брзо ги запленија компјутерите и документите на групата „Патриот“, медиумски холдинг во срцето на информативната империја на Пригожин, […]

Вторникот беше најтопол ден на планетата во историјата, следуваат нови рекорди


  Светските температурни рекорди се уриваат втор ден по ред, покажуваат податоците, а експертите издадоа предупредување дека најтоплите денови оваа година допрва доаѓаат – а со нив и најтоплите денови забележани досега. Просечната глобална температура на воздухот беше 17,18 Целзиусови степени во вторникот, според податоците собрани од американскиот национален центар за предвидување на животната средина […]

Уставниот суд ја замрзна графата на Лога за етничка припадност, тој вели дека тоа е беспредметно


  Уставниот суд донесе одлука со која привремено го стави надвор од употреба упатството на министерот за правда Кренар Лога, со кое се издава извод на родени во кој има графа за етничка припадност. Уставните судии изразија сомнеж во уставноста на ова упатство и покренаа иницијива за проверка на законитоста. Додека одлучат за упатството на […]

Сивата економија „јаде“ половина милијарда евра приходи од буџетот


  Секоја година поради сивата економија Македонија пропушта да собере околу половина милијарда евра приходи во државниот буџет, средства со кои би можеле да се финансираат значајни проекти во образованието, здравството, инфраструктурата… Ова е процената која денес во Стопанската комора на Северна Македонија ја презентираа потпретседателот на комората Зоран Јовановски и даночниот експерт Павле Гацов, […]

Покрената истрага за 20 лица за криумчарење луксузни возила, петмина се од МВР


  Основното јавно обвинителство покренува постапка против 20 лица за криумчарење луксузни возила. Пет од лицата за кои се покренува истражната постапка се вработени во Министерството за внатрешни работи.  „Основно јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка за кривично дело криумчарење, прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, компјутерски фалсификат и фалсификување […]

Русите поставиле експлозиви во нуклеарката Запорожје, Украинците се евакуираат


  Откако украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили поставиле експлозив на покривот на нуклеарната централа Запорожје, руски нуклеарен функционер тврди дека Украина вечерва ќе изврши напад врз централата. Двете земји долго време меѓусебно се обвинуваат за гранатирање околу електраната, а од неодамна и за планирање постојани напади врз неа.   Ренат Карча, руски […]

Конфискуваниот имот на Мијалков наскоро на јавно наддавање


Конфискуваниот имот на Сашо Мијалков во судскиот предмет „Империја“ за кратко ќе биде објавен на јавното електронско наддавање кое Агенцијата за управување со одземен имот ќе го направи согласно законот и по согласност на Владата, најави денес директорот на оваа Агенција, Дритон Небиу. -За неколкуте мошне актуелни случаи за конфискација веднаш преземав иницијативи со дадена […]

И натаму без договор за платите во јавниот сектор


Синдикатите и Владата не постигнаа договор околу зголемувањето на платите во јавниот сектор и по денешната седница на Економско – социјалниот совет (ЕСС). Од Владата соопштија дека било договорено да продолжат преговорите во помала работна група составена од членовите на ЕСС која ќе работи зачестено, додека од синдикатите велат дека нивниот предлог е основа за […]

Наградата за Медеја ме врати дома: Интервју со Илина Чоревска, актерка


Брилјираше во улогата на  Медеја во претставата на Битолскиот народен театар, но не како силен анти- херој кој на крај свирепо ги убива своите деца, туку како нежна, тивка, денешна, маргинализирана, скршена  Медеја. Илина Чоревска во интервјуто за „Независен“ открива дека се изненадила и се израдувала како дете, за наградата во Прилеп. Сѐ уште ја […]

Шукова од Брисел: Посебен предизвик е имплементацијата на Поглавјето 27


Денеска во Брисел започнува билатералинот скрининг за Поглавје 27- Животна средина и климатски промени што претставува еден од двата најдолги скрининзи и ќе траe од 3-ти до 7-ми јули. На скринингот пред Европската комисија преку 75 презентации ќе бидат презентирани состојбите во областите: хоризонтално законодавство, управување со отпад, квалитет на вода,  природа, хемикалии, индустриско загадување и […]

„Бистри“ и „Матни“ случаи за јуни 2023 година според Транспаренси Интернешнл-Македонија


Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна и годишните анкети за корупција во рамки на проектот „Бистро-Матно“. За јуни 2023 година, според она што го објавија од Транспаренси Интернешнл-Македонија, поголемиот број се  „бистри”, од „матни” случаи. Случаите „Скопје 2014“, истрага позната како „Феникс“, двајцата судии кои поднесоа оставка од Судскиот Совет, објавените извештаи од […]

На Франција ѝ се случува бунт, не интифада


Пазете се од оние кои нудат едноставно објаснување за немирите што експлодираа во мулти-расните предградија низ Франција. Ова не се, во најголем дел, политички немири – иако се под влијание и опасно ќе ја разгорат отровно поделената политика на Франција. Тие не се религиозни немири. Многу млади бунтовници можеби имаат чувство на опсаден муслимански идентитет, […]

Стејт департмент: Партиите да не се мешаат во судството


САД ќе продолжат да поддржуваат влади, партнери од граѓанското општество, независни медиуми и граѓани во борбата против организираниот криминал и искоренување на корупцијата, одговорија од прес-службата на Стејт департментот, на прашање на Гласот на Америка на македонски, дали САД се една од петте држави што обезбедиле меѓународна правна помош за прибавување докази во истрагата за „Скопје 2014“. […]

Поплавени подрумски простории, улици и паднати дрвја по силниот пороен дожд во Скопје


Силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево го зафати Скопје. На единствениот број за итни ситуации 112 досега има пристигнато повеќе пријави за поплавени подрумски простории, улици, подвозници, паднати дрвја, оштетени кабли и падната бандера, информираат од Центарот за управување со кризи. Од страна на Регионалниот Центарот за управување со кризи […]

Со шпанското претседателство нов исчекор во преговорите со ЕУ


До крајот на годината нов исчекор и динамика во преговорите со ЕУ, со одржување на втората Меѓувладина конференција и отворање на првиот Кластер, објави на фејсбук вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во пораката по повод преземањето на претседавањето со ЕУ од страна на Шпанија. – Денеска започнува шестмесечното претседавање на Кралството Шпанија со Советот […]

Од 123 објекти во сопственост на СФРЈ, за распределба останати се уште 16


Договорот за сукцесија на поранешна СФРЈ беше склучен во Виена во 2001 година и стапи во сила три години подоцна со потписот на последната земја наследничка Хрватска. Седум анекси за поделба на имотот беа потпишани од тогашната СРЈ, во чиј состав беа Србија и Црна Гора, потоа Хрватска, Словенија, Македонија и Босна и Херцеговина. Најинтересен […]

Алексис Ципрас, единствениот грчки премиер што оствари официјална посета на Скопје


Горд сум за она што го постигнавме. За излезот од меморандумите и подмирувањето на долгот. За излечените рани на општеството и економијата. За вратениот меѓународен имиџ на Грција. И секако за историскиот Договор од Преспа, порача меѓу другото, сега веќе поранешниот лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас, соопштувајќи го во четвртокот неговото повлекување од лидерската позиција, […]

Струјата по нова цена, од 1 декември повторно евтина дневна тарифа


Корисниците на регулираниот пазар на електрична енергија почнувајќи од денеска па во наредните шест месеци ќе ја плаќаат струјата по нова цена што во вторникот ја одреди  Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Согласно одлуката, за 7,04 проценти се намали вкупната цената на електричната енергија во првиот блок со вкалкулирана енергија и мрежарина, […]

Пендаровски: Имаме информации дека луѓе од МПЦ, бизнис заедницата и партиите соработуваат со руски служби


Никој не може да го оспори правото на црквата да протестира, секој има уставно право на тоа, но според информациите што доаѓаат на овие теми, чудно ми е што црквата првпат повикува на протест по тој повод. Мислам дека имавме многу потешки дилеми со кои се соочија црквата и државата, изјави во интервју за Аргумент […]

Против Македонија покренати арбитражни постапки што можат да не чинат над милијарда евра


Ако Македонија ги изгуби покренатите арбитражните постапки  по склучените и ратификувани меѓународни договори  ќе треба да плати повеќе од една милијарда евра оштети – констатира Државниот завод за ревизија во извештајот што го објави денес за работењето на Владата во 2021 година. За какви арбитражни постапки станува збор не се наведува, но сумата, според ДЗР, […]