Раперот Кање Вест е најбогатиот Афроамериканец со богатство од 6,6 милијарди долари
САД- Американскиот рапер и претприемач Кање Вест (43) ја зголеми вредноста на своето богатство на 6,6 милијарди долари и со тоа стана најбогатиот Афроамериканец во историјата на САД.
Според последните податоци на Bloomberg, Кање ги надмина Опра Винфри и нејзините 3,5 милијарди долари, Мајкл Џордан и неговите 2,2 милијарди долари и Роберт Ф.Смит и неговите 6,5 милијарди долари.
Во 2006 година Кање беше во долгови, а лани ова време ја проби магичната граница од милијарда долари, за да ја зголеми за повеќе од петпати оваа година.
Неодамнешниот договор на Yeezy со Gap и Adidas ја зголеми вредноста на богатството за 4,7 милијарди долари, а бидејќи Кање е единствен сопственик на компанијата, таа сума се додава на неговата лична нето вредност од 1,9 милијарди долари.
И покрај неуспешната претседателска кампања, падот на рејтингот како музичар и распадот на неговиот брак со Ким Кардашијан, Кање успешно се движи низ претприемачките води. Прогнозите се дека со овие амбиции, неговото богатство скоро сигурно ќе порасне, пишува CNN.