Холандија има јасна цел на Мундијалот – титулата светски првак


 Репрезентацијата на Холандија без некои големи ѕвезди во составот, но со фудбалери кои постојано се борат за највисок пласман на Светските првенства. Популарните „лалиња“ последен пат загубија во финалето на СП 2010 од Шпанија, а на претходниот Мундијал загубија во четвртфиналето од Аргентина на пенали.

Селекторот на Холандија, Роналд Куман во март годинава ја истакна својата амбиција.

– Наша цел е да го освоиме Светското првенство, изјави тогаш Куман. 

Со оглед на формата на главните играчи Холандија можно е да има и проблеми. Франк де Јонг имаше проблеми со повреди во Барселона, Мемфис Депај не баш добра сезона во Коринтијанс, Тиџани Реиндерс имаше добар почеток во Манчестер Сити, но потоа и пад во формата, а капитенот Вирџил Ван Дајк со Ливерпул немаше позитивна атмосфера во клубот.

Холандија без проблеми избори учество на Мундијалот, а се наоѓа во групата Ф со Јапонија, Шведска и Тунис. Сите три натпревари ги играат во различни градови, а првиот дуел е на 14.јуни во Далас против Јапонија.