Хаос на премиерата на филмот: Протести, полиција и тепачки за време на проекцијата (фото)
На премиерата на филмот „Love Lies Bleeding“ во Брисел завладеа хаос, откако низа хомофобични и мизогинистички коментари за време на проекцијата доведоа до масовно излегување, проследено со протести и полициска реакција.
Повеќе од 60 квир жени избегаа од регионалната премиера кога проекцијата стана токсична, додека организаторите тврдеа дека имало најмалку три инциденти на физичко насилство.
„Работите излегоа од контрола“, изјави учесничката Елина Фишер за Variety.
Нарекувајќи го нивното искуство „трауматично и ужасно“, Фишер додаде: „Се плашевме за нашите животи затоа што луѓето што кажуваат такви работи за време на филмската проекција се тие што не напаѓаат. Затоа се исплашивме и моравме да излеземе надвор“.
la #honte @bifff_festival qui laisse des commentaires et insultes transphobes, lesbophobes et misogynes, forçant une 80aine de personnes a sortir de la scéance car trop mal a l'aise et qui pour seule réponse appellent la police. La honte. pic.twitter.com/s1B44UtsDa
— camarade miel 🔻 (@lululatuile) April 13, 2024
„Love Lies Bleeding“ е романтичен трилер во режија на Роуз Глас од сценариото кое го напишала со Вероника Тофилски.
Станува збор за копродукција помеѓу Обединетото Кралство и САД.
Во филмот играат Кристен Стјуарт, Кејти О’Брајан, Џена Мелоун, Ана Баришников, Дејв Франко и Ед Харис.
Филмот е сместен во 1989 година и ја следи врската помеѓу една жена бодибилдер и повлечена сопственичка на теретана.