Гарванлиев во костум на „Сињори“ на Евросонг


Брендот „Сињори“ го шие костумот на Васил Гарванлиев за настапот на Евросонг во мај во Ротердам, Холандија. Не се откриваат бојата ниту дизајнот. „Сињори“ го облече Васил и за евровизискиот спот. Заедно со Раде Василев и со тимот од Шведска се осмислува костимографијата и сценскиот настап.

-На сценскиот настап работи проверено дуо од Шведска, режисерките Тине Матулеси и Мари Рибергер (кој го осмислија и настапот на Тамара на Евросонг во Ерусалим н.з.). Со бек ап настапот кој го снимавме во Белград ги увидовме уште подобро сите замислени елементи како функционираат на сцена и беше одлична генерална проба за нас. Сега знаеме на што треба дополнително да се фокусираме за Ротердам, ни изјави Васил во разговорот за „Независен“ .

Гарванлиев на јавните настапи и фотосесии е елегантен, во костуми кои ја следат линијата на телото но имаат и трендовски печат. Претежно се во темни бои. Приватно,  можете да го сретнете и во покежуал варијанта. (Л.С.)