Дали Хали Бери се омажи за Ван Хант?


САД– Оскаровката Хали Бери е опсипана со честитки. Причина: актерката објави фотографии на која таа и нејзиниот партнер – пејач и текстописец Ван Хант, се на некое егзотично место, се бакнуваат, а на главата има венец од цвеќе. До фотографијата пишува: „Па, официјално е!“

 

Честитките почнаа да пристигнуваат веднаш по објавата на Инстаграм, веста за венчавката на познатата актерка се прошири низ светот, но…

По некое време поединци сфатија дека има уште една фотографија на која пак, пишува: „2022 година е“.

Дали актерката се омажи или фотографиите беа само најава за 2022 година, засега никому не му е јасно.

Знаејќи дека Хали Бери сака да се шегува, се повеќе луѓе се уверени дека таа само се шегувала со своите најави и дека засега нема ништо од свадбата.

Хали се уште не прозборе, па сите го чекаат нејзиниот следен потег.