Боби Браун остана без семејство: И син му почина на 28 години од алкохол, кокаин и фентанил
САД – Боби Браун помладиот, син на пејачот Боби Браун, почина од комбинирани ефекти на алкохол, кокаин и опиоидот фентанил, се вели во извештајот на обдукцијата објавен вчера.
Браун помладиот беше пронајден мртов во неговиот дом во Лос Анџелес на 28 години на 18 ноември. Во тоа време властите рекоа само дека веруваат дека не се работи за никаква бизарна игра.
Девојката на Браун помладиот, која последен пат го виде жив тоа утро, го најде како не реагира на подот од неговата спална соба и повика болничари, кои го прогласија за мртов, се вели во извештајот.
Тој имал историја на употреба на дрога и алкохол, а неговата смрт е оценета како несреќен случај, се вели во извештајот.
Мајката на Браун помладиот беше Ким Вард, со која Браун беше во долга врска.
Постариот Браун беше една од најголемите соло sвезди во музиката во доцните 80-ти и 90-ти.
Во 2012 година, поранешната сопруга на Боби Браун, мегаѕвездата Витни Хјустон, беше пронајдена мртва откако се удави во када во хотелска соба во Беверли Хилс. Официјалните лица потврдија дека срцевите заболувања и кокаинот беа фактори што доведоа до смрт на Хјустон. Таа имаше 48 години.
Во 2015 година, нивната ќерка Боби Кристина Браун беше пронајдена онесвестена во када во нејзиниот дом во Атланта. Таа беше во кома шест месеци пред да почине на 22-годишна возраст од причини што истражувачите не можеа точно да ги утврдат. Аутопсијата покажа дека во телото имала морфиум, кокаин, алкохол и лекови на рецепт.
Нејзиниот поранешен партнер Ник Гордон беше прогласен за одговорен за нејзината смрт во судска постапка, но никогаш не беше кривично обвинет. Гордон почина минатата година на 30 години. (АП)