Бајден ги нарече поддржувачите на Трамп ѓубре. Тој на митинг дојде со камион за собирање ѓубре
Кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, по изјавите на Бајден за поддржувачите и ѓубрето, одржа говор на митинг во Висконсин во рефлективен елек. Пред тоа на митингот возеше со камион за ѓубре.
„Како ви се допаѓа мојот камион? Тоа е во чест на Камала и Џо Бајден“, им рече Трамп на новинарите.
TRUMP ARRIVES FOR CAMPAIGN RALLY IN A GARBAGE TRUCK!
“How do you like my garbage truck? This truck is in honor of Kamala and Joe Biden.”
“For Joe Biden to make that statement — it’s really a disgrace” pic.twitter.com/jA9nEQKvCg
— J Stewart (@triffic_stuff_) October 30, 2024
На митингот тој потоа им се обрати на поддржувачите: „Морам да почнам со тоа што 250 милиони Американци не се ѓубре“, рече тој, осврнувајќи се на изјавата на Џо Бајден – кој, како што подоцна се обиде да објасни – дека било гаф кога ги нарече поддржувачите на Трамп ѓубре.
За потсетување, Бајден зборуваше за комичарот кој го нарече Порторико „пловечки остров на ѓубре“ на митингот на Трамп во Медисон Сквер Гарден.
„И токму пред некој ден, еден говорник на неговиот митинг го нарече Порторико лебдечки остров на ѓубре. Па, дозволете ми да ви кажам нешто, Порториканците што ги знам се добри, пристојни, чесни луѓе“, рече Бајден на настанот, кој беше организиран за дополнително да ги охрабри гласачите да излезат на гласање и да ја поддржат Камала Харис.
„Единственото ѓубре што го гледам како лебди таму се неговите поддржувачи. Неговото демонизирање на Латиноамериканците е несовесно и неамериканско“, продолжи Бајден.
Белата куќа брзо се обиде да ја минимизира штетата. Портпаролот Ендрју Бејтс рече дека Бајден мислел на „реториката со омраза“ на митингот во Њујорк, а не на поддржувачите на поранешниот претседател. Набрзо и самиот Бајден се огласи на социјалните мрежи.
Damn!! Biden is truly out of fucks to give and I love it! 🤣
“The only garbage I see floating out there is his supporters.”
— CALL TO ACTIVISM (@CalltoActivism) October 30, 2024
„Претходно денес, ја нареков ѓубре реториката со омраза за Порторико кажана од поддржувач на Трамп на неговиот собир во Медисон Сквер Гарден – што е единствениот збор што можам да го опишам. Неговото демонизирање на Латиноамериканците е несовесно. Тоа е се што сакав да кажам. Коментарите на тој митинг не одразуваат кои сме ние како нација“, напиша тој на X.