Апел до нашите од земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето дома


 Поради состојбата со  корона вирусот во земјава, согласно заклучоците на Владата од последната седница, се воведува забрана за влез на странски државјани од земјите со висок ризик согласно листата на Светска здравствена организација објавена на веб страницата на Министерството за здравство.Забраната, како што стои во заклучоците не важи само доколку достават  потврда издадена од надлежен …

Апел до нашите од земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето дома Read More »

Се дезинфицираат такси возилата и автобусите во Скопје


Град Скопје испрати препорака до сите такси превозници на подрачјето на градот Скопје да ги дезинфицираат такси возилата на дневна основа пред да се вклучат во сообраќај, а такси возачите да користат лична зашитита (маска и гумени ракавици). Дополнително, пратен е и допис до сите претставници на приватните превозници кои се вклучени во јавниот сообраќај …

Се дезинфицираат такси возилата и автобусите во Скопје Read More »

Дерковски: ДИК не е во паника


Во ДИК нема паника и нема причина за паника. Денес е денот кога треба да се достават кандидатските листи. Потоа ги проверуваме апликациите, ако е се во ред ги потврдуваме листите и продолжуваме со нашата работа. Заврши рокот со увидот во Избирачкиот список и доста граѓани се проверија, изјави Оливер Дерковски на гостувањето во „Утрински …

Дерковски: ДИК не е во паника Read More »

Спасовски апелира да не се злоупотребуваат мерките


Премиерот Оливер Спасовски во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ апелираше до сите граѓани да се однесуваат одговорно во новонастаната ситуација со коронавирусот.Тој апелираше до работниците да не ги злоупотребуваат мерките за отсуство од работа, а до работодавачите да ги почитуваат препораките. – Повеќе од сигурно е дека треба да бидеме сите на висина на …

Спасовски апелира да не се злоупотребуваат мерките Read More »

Утврдени дополнителни мерки за да не се шири корона вирусот


Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека согласно дополнителните мерки, активности и препораки на Владата за превенција од ширење на болеста КОВИД-19, следните категории на лица треба да бидат ослободени од работа и работни активности, врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби – хронични респираторни заболувања, тешки  кардиоваскуларни заболувања, …

Утврдени дополнителни мерки за да не се шири корона вирусот Read More »

ВМРО-ДПМНЕ ќе го спасува здравството од административните процедури што таа ги воведе


ВМРО-ДПМНЕ, преставувајќи ја својата изборна програма за здравството, најави мерки со кои практично ќе ги укине промените што стапија на сила кога тие беа на власт. Па така, според соопштението денес, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на ослободување од административни процедури на матичните лекари, кои всушност кулминираа додека оваа партија раководеше со Македонија. Покрај тоа, во програмата …

ВМРО-ДПМНЕ ќе го спасува здравството од административните процедури што таа ги воведе Read More »

Денес ќе се докажува како ја купил облеката Бојан Јовановски


На денешното рочиште за “Рекет” адвокатот Сашо Дуковски ќе презентира фотографии од гардероба на Бојан Јовановски за да докажат дека поголемиот дел е купена пред 2019 година, наспроти тврдењето на обвинителката Вилма Русковска дека ја купил со пари од рекетот. Станува збор за седум вреќи запленета гардероба. На денешното рочиште обвинетата Катица Јанева исто така …

Денес ќе се докажува како ја купил облеката Бојан Јовановски Read More »

МВР: Ширачите на лажни вести за корона вирусот ќе бидат санкционирани


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните – корисници на социјалните мрежи да не споделуват и шират непроверени односно „лажни“ вести околу вирусот Ковид 19, со кои се создава вознемиреност и паника меѓу граѓаните. -Лажните вести кои создаваат неоснована паника и имаат долгосежни последици  врз општествената состојба,но и врз колективното здравје на граѓаните. Ваквите злоупотреби …

МВР: Ширачите на лажни вести за корона вирусот ќе бидат санкционирани Read More »

СЗО прогласи пандемија


Женева – Изразувајќи се поголема загриженост заради растот на инфекции Светската здравствена организација денеска прогласи дека глобалната криза од коронавирус сега прерасна во пандемија. Директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејсус изјави дека СЗО  е длабоко загрижен од алармантните нивоа на ширење и сериозноста на епидемијата од коронавирус. -Затоа направивме проценка дека Ковид-19 може да се карактеризира …

СЗО прогласи пандемија Read More »

Бишевац влегол во ВМРО-ДПМНЕ за да прави европска држава


Сафет Бишевац, кој се најде на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ,  денес е хит на социјалните мрежи, каде што се вртат негови оценки за политиката на партијата чии бои ќе ги брани на наредните избори. Тој се правда дека на листата на СДСМ бил како независен кандидат , а сега го привлекла намерата на лидерот на …

Бишевац влегол во ВМРО-ДПМНЕ за да прави европска држава Read More »

Павле Богоевски се стави во самоизолација


Поранешниот пратеник Павле Богоевски на Фејсбук напиша дека се става во самоизолација во наредните две недели поради тоа што бил на службен пат во Германија. „Наредниве две недели ќе можете да ме добиете само по телефон или преку електронска комуникација. Кога мерките за превенција и сузбивање на коронавирусот стапија на сила, јас бев на службен …

Павле Богоевски се стави во самоизолација Read More »

Македонски граѓани вратени од српска граница поради епидемијата


Согласно вчера донесените мерки на српската Влада за забрана за влез на странски државјани кои доаѓаат од жариштата на вирусот Ковид-19, од преминот „Батровци“ на границата на Србија со Хрватска денеска се вратени дваесетина автомобили со околу 50 патници, меѓу кои повеќето македонски државјани кои работат во северниот дел на Италија. Новите мерки не се …

Македонски граѓани вратени од српска граница поради епидемијата Read More »

Туристичката сезона загубена, посетите нула


До мај се откажани сите групни тури од странство, драстично е намален бројот на туриститите и веќе речиси не постои интерес за посета на државава поради претпазливост. Се откажуваат и аранжманите на нашите граѓани кои планирале да патуваат надвор за Велигден. Состојбата е алармантно лоша. Секторот засега книжи загуби од 40 до 80 проценти и …

Туристичката сезона загубена, посетите нула Read More »

ЈСП го укина бесплатното возење на пензионерите


ЈСП соопшти дека од утре, четврток нема да важат бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз. Истовремено, нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 години и  мажи со 64 години) во вторник, петок, сабота и недела во јавниот превоз и на Жичарницата на Водно. …

ЈСП го укина бесплатното возење на пензионерите Read More »

Ердоган: Ниту еден вирус не е посилен од мерките што ги презеде Турција


Анкара – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција ги презела сите мерки против новиот коронавирус. – Посакуваме Турција да ги надмине овие тешкотии без жртви. Ниту еден вирус не е посилен од преземените мерки, наведе Ердоган.Тој додаде дека во Турција се преземени сите превентивни мерки за справување со Ковид-19. Претходно, турскиот министер за …

Ердоган: Ниту еден вирус не е посилен од мерките што ги презеде Турција Read More »

Шпанската ратификација за НАТО како шпанска серија


Очекуваната ратификација на Протоколот за прием на Македонија во НАТО, што требаше да помине оваа недела во шпанскиот Сенат,  е одложена поради корона вирусот. Од вчера со одлуката на владата во Мадрид е прекината работата на Парламентот за една недела, но мал е оптимизмот дека вонредната мерка ќе трае само толку и дека од понеделник …

Шпанската ратификација за НАТО како шпанска серија Read More »

Бишевац летово барал да биде кандидат на СДСМ


Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, во интервјуто за „Утрински брифинг“ рече дека Сафет Бишевац, најголемото изненадување на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ за изборите, претходно барал да биде кандидат на СДСМ. -Господинот Бишевац во текот на летото беше во мојот кабинет и побара да биде кандидат на листата на СДСМ. Јас му реков дека ниту …

Бишевац летово барал да биде кандидат на СДСМ Read More »

Бајден сè поблиску до номинација за претседателски кандидат од Демократската партија


Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден на вчерашните внатрепартиски избори за претседателски кандидат од редовите на Демократската партија, забележа клучна победа во Мичиген, со што се зголемија шансите тој да биде демократот кој ќе се спротивстави на актуелниот претседател Доналд Трамп во ноември. -Изгледа дека имаме уште една добра ноќ – победивме во Мисисипи, Мисури и …

Бајден сè поблиску до номинација за претседателски кандидат од Демократската партија Read More »

ССМ бара почитување на препораката за ослободување од работа поради короната


Сојузот на синдикати на Македонија апелира работодавачите во јавниот и приватниот сектор да ги почитуваат препораките од Владата и еден од родителите кои имаат деца до 10 години да биде ослободен од работа. – Апелираме до надлежните во Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд, секое непочитување на оваа препорака веднаш да …

ССМ бара почитување на препораката за ослободување од работа поради короната Read More »

Сите нѐ поддржуваат, Бугарија уште нѐ условува


Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева порача денеска од Скопје дека Софија ќе се придржува стриктно на рамковната позиција за преговорите со Македонија, што ја усвои тамошниот парламент. Запрашана дали во преговорите, ако Македонија добие датум, бугарската влада ќе опстои на позицијата за македонскиот јазик и историјата, Захариева одговори позитивно. „Рамковната позиција е одобрена …

Сите нѐ поддржуваат, Бугарија уште нѐ условува Read More »