Павле Богоевски се стави во самоизолација


Поранешниот пратеник Павле Богоевски на Фејсбук напиша дека се става во самоизолација во наредните две недели поради тоа што бил на службен пат во Германија.

„Наредниве две недели ќе можете да ме добиете само по телефон или преку електронска комуникација. Кога мерките за превенција и сузбивање на коронавирусот стапија на сила, јас бев на службен пат во Германија (земја од среден ризик) и наредните две недели се разбира, ќе бидам во самоизолација. Во моментов сум без симптоми“,напиша Богоевски.
Тој му честиташе на министерот Филипче и неговиот тим за навремената, координирана и транспарентна рекација на ситуацијата во бурата од лажни вести и тенденциозни политиканства на сметка на здравјето и емоциите на граѓаните.