Претседателот ќе прогласи вонредна состојба


Претседателот на државата, Стево Пендаровски, денеска  ќе прогласи вонредна состојба, се дознава неофицијално.   Изјавата на претседателот во живо ќе биде пренесувана на МРТВ. Политичките лидери вчера беа на лидерска средба кај претседалот каде дискутираа за одложување на изборите, а се отвори и прашањето за тоа дали треба да се прогласи кризна или вонредна состојба поради …

Претседателот ќе прогласи вонредна состојба Read More »

Уапсени 150 Грци за прекршување на мерките за корона вирусот


Грција– Со намален интензитет, но и понатаму продолжуваат прекршувањата на превентивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот во Грција, а за шест дена уапсени се 150 лица, во 145 случаи, според податоците од грчката полиција, јави дописничката на МИА од Атина. Во четвртокот, полицијата започна со секојдневни контроли и инспекции, а најголем број прекршувања …

Уапсени 150 Грци за прекршување на мерките за корона вирусот Read More »

Насоки за безбедно и професионално известување за коронавирусот


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) за подобро информирана јавност и побезбедни новинари и медиумски работници при извршување на нивните секојдневни професионални обврски, подготвија публикација со наслов: „Насоки за безбедно и професионално известување за коронавирусот (COVID-19)“. Како што соопшти ЗНМ, публикацијата во првиот дел нуди насоки …

Насоки за безбедно и професионално известување за коронавирусот Read More »

„Фавипиравир” е ефикасен лек против коронавирус, тврдат кинеските научници


 Препаратот против грип „Фавипиравир” (познат и како „Авиган”) се покажал клинички ефикасен при лекувањето на заболени од новиот вид коронавирус, соопшти шефот на Центарот за биотехнологии на кинеското Министерство за наука и техника, Чан Синмин. -„Фавипиравир” веќе ги мина клиничките тестови, што  покажаа добра ефикасност во лекувањето на коронавирусот, наведе тој. „Пациентите, третирани со овој …

„Фавипиравир” е ефикасен лек против коронавирус, тврдат кинеските научници Read More »

Пицула бара Западен Балкан да биде дел од активностите на ЕУ против ширењето на Ковид-19


Група социјалисти и демократи во Европскиот парламент ги повикаа Комисијата и земјите-членки да ги вклучат земјите од Западен Балкан во преземените активности за борба против ширењето на коронавирусот во Европа. Европските социјалдемократи ја повикуваат ЕУ да ги искористи неискористените средства од претпристапните фондови (ИПА) во борбата против вирусот и да размисли за мобилизирање на други …

Пицула бара Западен Балкан да биде дел од активностите на ЕУ против ширењето на Ковид-19 Read More »

Авион од Брисел „заробен“ на Аеродромот во Скопје


Патници што дошле со авион од Брисел мора да останат „заробени“ на аеродромот додека не се добијат резултатите од тестирањето на корона вирус на неколку од нив кои покажале симптоми на грип. Ова го соопшти вечерва на прес конференција министерот Венко Филипче кој се огради дека можеби станува збор за обичен грип но состојбата на …

Авион од Брисел „заробен“ на Аеродромот во Скопје Read More »

Австрија и Западен Балкан заедно против Ковид-19


Австрискиот канцелар Себастијан Курц, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и премиерите на земјите од Западен Балкан одржаа денеска видео конференција, на која главна тема беше борбата против пандемијата на коронавирусот. – Оваа пандемија претставува голем проблем за секој поединец, општество и здравствените системи и покажува колку нашите општества и економии се поврзани, поради што мораме …

Австрија и Западен Балкан заедно против Ковид-19 Read More »

Словенечкото езеро Блед целосно поцрвене


Езерото Блед, кое е едно од најпознатите туристички места во Словенија доби комплетно црвена боја. Eзерото уште пред еден месец почнало да добива црвена боја, но последниве денови тоа целосно поцрвене.Според биолозите ова се доlжи на брзото размножување на цијанобактериите во езерото.

Почнува средбата на експертите за изборите


Откако лидерите решија дека треба да се одложат  предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, се договори и средбата на експертскиот тим што требаше да го формира претседателот Стево Пендаровски и кој треба да најде правна основа како да се одлоѓат старите, да се распишат нови избори и како да се прогласи евентуално вонредна состојба. …

Почнува средбата на експертите за изборите Read More »

(ВИДЕО) Заев побарал вонредна состојба, експерти ќе решаваат за изборите


Лидерот на СДСМ Зоран Заев побарал од претседателот Стево Пендаровски да формира експертски тим кој ќе бара решение како да се најде правна основа за одлагање на изборите, за нивно повторно закажување и за прогласување на вонредна состојба.  Според Заев со Уставот се пропишани слободи и права на граѓаните кои можат да се ограничат само …

(ВИДЕО) Заев побарал вонредна состојба, експерти ќе решаваат за изборите Read More »

ДПА ја напушти лидерската средба, биле декор


Орхан Ибраими, кој ја преставуваше ДПА на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски , си излезе пред таа да заврши бидејќи се чувствувале како декор во однос на македонските партии. -Како албанска политичка партија сме декор за овие институции и за земјата. Одлуките се однапред донесени, порача Ибраими откако си излезе од лидерската средба.

ЕУ воспоставила ограничувања за извоз на медицинска опрема


Портпаролката на Европската комисија (ЕК), Ана Писонеро, изјави дека Европската унија разгледува начини за поврзување на Западен Балкан со иницијативите кои ЕУ ги презема во борбата за сузбивање на пандемијата на коронавирусот, додавајќи дека сега е време за солидарност, а не за „неосновани обвинувања“. -Тесната координација и соработката на регионално ниво и со ЕУ се …

ЕУ воспоставила ограничувања за извоз на медицинска опрема Read More »

(ВИДЕО) Во тек е лидерската средба


Во Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски, во тек е лидерска средба, на која присуствуваат претседатели и претставници нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи.

ЕУ подготвува солидарен фонд за епидемијата, на списокот и Македонија    


Европската унија подготвува пакет од 37 милијарди евра со кој ќе ги помогне земјите членки погодени од корона вирусот. Паралелно, се планира и измена на условите за користење на Европскиот солидарен фонд со што и земјите кандидати, како Македонија, ќе можат да побараат ургентна помош од Брисел ако не можат со свои сретства да се …

ЕУ подготвува солидарен фонд за епидемијата, на списокот и Македонија     Read More »

И Холандија смета дека треба безусловно да почнеме преговори со ЕУ


Холандија смета дека Северна Македонија треба безусловно да ги отпочне пристапните преговори за членство во ЕУ, односно дека по донесувањето на Законот за Јавно обвинителство не постојат никакви пречки за почеток на преговорите. Ова го истакнал холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок во телефонски разговор со шефот на дипломатијата Никола Димитров, покренат на барање …

И Холандија смета дека треба безусловно да почнеме преговори со ЕУ Read More »

Националната гарда на Њу Џерси излегува на улиците


Гувернерот на сојузната американска држава Њу Џерси, Фил Марфи, ги повика граѓаните да останат во своите домови по 20 часот, потпиша извршна наредба со која го ограничува делувањето на одредени фирми и ги мобилизира припадниците на Националната гарда за да помогнат во спроведувањето на мерките за спречување на ширењето на коорнавирусот. -Силно се обесхрабруваат сите …

Националната гарда на Њу Џерси излегува на улиците Read More »

Италија ќе ја спасува економијата со 25 милијарди евра


Италијанската Влада усвои пакет мерки за помош на економијата во висина од 25 милијарди евра, со цел да ги ублажи негативните влијаниа од епидемијата со новиот коронавирус. Според италијанскиот премиер Џузепе Конте, средствата ќе бидат наменети за самовработените лица и за загрозените семејства. Исто така предвидени се најмалку 10 милијарди евра за помош за исплаќање …

Италија ќе ја спасува економијата со 25 милијарди евра Read More »

(ВИДЕО) Советот за безбедност не прогласи ни кризна ни вонредна состојба


Советот за безбедност, кој се состана по барање на претседателот Стево Пендаровски, не донесе одлука за прогласување ни кризна состојба на целата територија на земјата. ни вонредна. Можно е Владата, без да прогласи вонредна состојба да го ограничи движењето на граѓаните, рече претседателот Пендаровски оценувајќи ги како прилично широки досегашните мерки. -На територијата на земјата …

(ВИДЕО) Советот за безбедност не прогласи ни кризна ни вонредна состојба Read More »

Путин доби уште два мандати


 Уставниот суд на Русија денеска го одобри Законот за уставни измени со кој ќе се овозможи рускиот претседател Владимир Путин да остане на власт уште 16 години. Законот допрва треба да биде одобрен на национален референдум закажан за 22 април.Одобрувањето на Судот дојде само два дена откако Путин го потпиша Законот. Според сегашниот закон, Путин …

Путин доби уште два мандати Read More »