Пицула бара Западен Балкан да биде дел од активностите на ЕУ против ширењето на Ковид-19


Група социјалисти и демократи во Европскиот парламент ги повикаа Комисијата и земјите-членки да ги вклучат земјите од Западен Балкан во преземените активности за борба против ширењето на коронавирусот во Европа.

Европските социјалдемократи ја повикуваат ЕУ да ги искористи неискористените средства од претпристапните фондови (ИПА) во борбата против вирусот и да размисли за мобилизирање на други финансиски инструменти.

– ЕУ треба да им овозможи на земјите од Западен Балкан да купат медицинска опрема, како што се маски за лице или апарати за механичка вентилација од земјите членки, наведуваат  во Европскиот парламент.

Известитувачот на ЕП за Западен Балкан, Тонино Пицула, во писмена изјава ја предупредува ЕУ дека не треба да ги остава земјите од Западен Балкан да се справат сами со последиците од кризата предизвикана од Ковид-19.

– Првиот доказ за солидарност ќе биде да им помогнеме да се осигурат дека нивните здравствени системи се подобро опремени за лекување. Западен Балкан треба да биде исклучен од новата шема за одобрување за извоз на заштитна опрема во трети земји и треба да му биде дозволено да купува неопходна медицинска опрема како што е се маски за лице на пазарот на ЕУ, рече Пицула.

Потпретседателот на групата S&D, Кати Пири, ги повика Европската комисија и земјите-членки да ги вклучат земјите од Западен Балкан во заедничкиот европски одговор и во мерките за спречување и борба против  последиците од епидемијата.

– Како и секаде во Европа, бројот на потврдени случаи  во земјите од Западен Балкан продолжува да расте. Ние сме заедно. Вирусот не познава граници или националности, вели Пири.

Пицула исто така додаде дека во тековните околности процесот на проширување треба да продолжи со забрзано темпо.