ЕУ воспоставила ограничувања за извоз на медицинска опрема

STRASBOURG, FRANCE - JANUARY 27: The British Union Jack flag (R) is displayed amongst European Union member countries' national flags inside of the European Parliament on January 27, 2020 in Strasbourg, France. The United Kingdom is set to depart the European Union on January 31, entering a transition period in which it will negotiate a new trade agreement with the bloc. (Photo by Thomas Niedermueller/Getty Images)

Портпаролката на Европската комисија (ЕК), Ана Писонеро, изјави дека Европската унија разгледува начини за поврзување на Западен Балкан со иницијативите кои ЕУ ги презема во борбата за сузбивање на пандемијата на коронавирусот, додавајќи дека сега е време за солидарност, а не за „неосновани обвинувања“.

-Тесната координација и соработката на регионално ниво и со ЕУ се клучни фактори за реагирање на оваа вонредна состојба. Во овие тешки времиња, потребна е солидарност. Ова не е време за полемики или за неосновани обвинувања, порача Писонеро по повод најавата на ЕУ дека за испораката на заштитната медицинска опрема неопходна за борба против коронавирусот, сите трети земји, вклучително и Србија, ќе треба да поминат специфична „шема за одобрување на извозот“.

Таа додаде дека ЕУ размислува како најдобро да пружи подршка во ублажување на социо-економските последици, вклучително и разгледувањето на можноста за пренасочување на ИПА фондовите и флексибилноста со правилата за државна помош.

-Европската унија е голем донатор, инвеститор и трговски партнер на регионот на Западен Балкан. Од 2014 година, ЕУ секоја година доделува над една милијарда евра за поддршка на жителите на Западен Балкан. ЕУ секогаш ја поддржуваше и Србија во тешки времиња. На пример, за време и после поплавите во 2014 година со 180 милиони евра, или за време на мигрантската криза во 2015 година со повеќе од 100 милиони евра, изјави Ана Писонеро.

Министерката за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ вчера испрати официјално писмо до комесарот за проширување, Оливер Вархеи, во кое побара ЕУ да овозможи пренамена  на непотрошените средства од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) за мерките за спречување и борбата против последиците од епидемијата на коронавирусот во Србија.

Претседателот Александар Вучиќ за време на прогласувањето на вонредната состојба на 15 март, критички се осврна на ограничувањето на извозот на медицинска опрема од ЕУ, оценувајќи дека „нема ништо од европската солидарност“ и дека само Кина може да и помогне на Србија.