Почнува средбата на експертите за изборите


Откако лидерите решија дека треба да се одложат  предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, се договори и средбата на експертскиот тим што требаше да го формира претседателот Стево Пендаровски и кој треба да најде правна основа како да се одлоѓат старите, да се распишат нови избори и како да се прогласи евентуално вонредна состојба.

Експертската средба почнува во 16 часот , а ќе присуствуваат професорите Рената Дескоска, Гордана Силјановска-Давкова, Денис Прешова, Татјана Каракамишева-Јовановска, Јетон Шасивари, Светомир Шкариќ и Александар Спасов. На средбата  присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.