На Агатангел сега му текна дека е сменето името, ќе организира протест


Европа за Македонците не треба да биде срам и понижување, туку таму треба да влеземе со кренати глави, е пораката на владиката Агатангел, кој повикува на одржување на семакедонски собир против, како што вели, омаловажувањето на македонскиот национален идентитет и достоинство. „ДA” за македонската евроинтеграција, но не со сменето име и непризнати јазик, црква и …

На Агатангел сега му текна дека е сменето името, ќе организира протест Read More »

Косовското Собрание немоќно пред Специјалниот суд


Во Косово се прават обиди да се укине Специјалниот суд за воени злосторства чиј петгодишен мандат истекува токму месецов. Испровоцирани од поканата на Хаг за Хашим Тачи, се погласни се барањата за негово укинување. Но, косовскиот престедател преку фејсбук побара Косовското собрание да гласа за продолжување на мандатот на судот, иако го оцени како нечесен …

Косовското Собрание немоќно пред Специјалниот суд Read More »

БЕГ барала да поскапи парното греење


До крајот на неделава ќе се знае каква корекција ќе претрпи цената на парното греење за наредната година. Според информациите, БЕГ бара тоа да поскапи поради финансиската дупка што ја има по одлуката да не плаќаат исклучените во системот, која се однесува на 10.000 домакинства наспроти вкупно приклучените 50.000. Според сознанијата на порталот „Фактор“, цената …

БЕГ барала да поскапи парното греење Read More »

ВМРО-ДПМНЕ ја спори верификацијата на мандатите, си излезе од Собрание


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата во Собранието и нема да учествува во верификацијата на мандатите на пратениците, соопшти пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. -Очигледно забелешките процедурално од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не допреа до вас и констатацијата дека и порано се правело вака не дозволува понатамошно кршење на Деловникот. Од тие причини јасно ви …

ВМРО-ДПМНЕ ја спори верификацијата на мандатите, си излезе од Собрание Read More »

НБМ размислува за ново одлагање на ратите за кредитите


Народна банка размислува повторно да ги одложи ратите за кредитите за граѓаните, јавува 24 Вести. Според информациите, се прават анализи на состојбата со пандемијата од Ковид 19 и како таа економски ги погоди граѓаните, но и компаниите. Конечната одлука се очекува да ја донесе Народната банка следната недела, откако деновиве ќе се консултираат и деловните …

НБМ размислува за ново одлагање на ратите за кредитите Read More »

Дипломат од МНР ја изневерувал сопругата, таа го нападнала со нож


Семејна драма, која завршила со насилство и напад со ладно оружје, се одржала во домот на Игор П. кандидат за амбасадор на Македонија во Брисел, вечерта на 20 август, дознава Вечер.мк . Откако дипломатот на сопругата и соопштил дека ја изневерува и е во врска со друга жена, таа најпрво се онесвестила, а кога се завртел да побара помош таа го прободела …

Дипломат од МНР ја изневерувал сопругата, таа го нападнала со нож Read More »

Силјановска побара од Џафери да не коментира


Пратеничката Гордана Силјановска Давкова го учеше денес спикерот Талат Џафери кога може, а кога не да зборува во парламентот. Според неа, тој треба да молчи, а не да коментира по обраќањата на пратениците. Таа исто така инсистираше дека на Собранието не му се потребни пет потпретседатели и дека очекувала, наспроти досегашната пракса да има по …

Силјановска побара од Џафери да не коментира Read More »

И Заев не е веќе пратеник


Собранието на Република Северна Македонија попладнево ја констатира оставката од пратеничката функција на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој е мандатар за составување на новата влада. Претседателот на Парламентот Талат Џаферија кажа дека Заев нема да ја образложи оставката и ја прекина седницата се додека не го добијат потребниот извештај од ДИК кој треба да …

И Заев не е веќе пратеник Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Тој што спровел изборен поткуп не може да биде борец против корупција


Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ обвини денес дека Љупчо Николовски е  човекот од позадина на Зоран Заев, генерален секретар на СДСМ, кој ги организирал сите изборни нерегуларности и целиот партиски поткуп и како таков не  може да биде вицепремиер за борба против корупцијата. – Под палката на Љупчо Николовски како генерален секретар на СДСМ е спроведен …

ВМРО-ДПМНЕ: Тој што спровел изборен поткуп не може да биде борец против корупција Read More »

ИРЛ: Нефи Усеини додека се крие си отворил фирма


Охридскиот советник, бизнисмен и бегалец од правдата Нефи Усеини го проширува бизнисот. Тој е во бегство, но тоа не го спречи да си отвори нова фирма во Битола за производство на градежни материјали. Фирмата Бетон 2020 Н&О ДОО Битола е партнерска заедно со битолчанецот Оливер Тиловски, а Нефи Усеини е нејзин управител. Денес е шестиот …

ИРЛ: Нефи Усеини додека се крие си отворил фирма Read More »

Еко-свест: Владата да ги заштити водните ресурси во земјата


Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ од Скопје денеска преку соопштение најстрого ги осудува последните случувања со катастрофалното уништување на реките во државава за изградба на мали хидроелектрани. Последен ваков случај, како што наведуваат, за кој реагираа и многу жители на Скопје е уништување на горниот тек на Маркова река заради изградба на …

Еко-свест: Владата да ги заштити водните ресурси во земјата Read More »

На Комисијата за заразни болести присуствувале и претставници на средношколците


На состанокот на Комисијата за заразни болести утрово присуствуваа и претставници од Сојузот на средношколци. На редовната координација, од страна на претставниците на комисијата им беа презентирани извештаите со деталната состојба од ковид-19 во Македонија. На состанокот, претставниците на Сојузот на средношколците ги претставија барањата на учениците, од кои најголем дел веќе се во планот …

На Комисијата за заразни болести присуствувале и претставници на средношколците Read More »

За 5 месеци, 36.362 нови невработени


Според инфографикот направен од „Рефлектор“ со податоци на Агенција за вработување, кон крајот на август, 36.362 повеќе луѓе бараат работа, за разлика од крајот на март кога започнаа да се затвораат локалите како мерка против пандемијата на коронавирусот. Па така, доколку во април Агенцијата за вработување регистрирала 107.732 лица кои активно барале работа, кон крајот …

За 5 месеци, 36.362 нови невработени Read More »

Вандали ги уништувале парковите во Аеродром


Градоначалник на Општина Аеродром, Златко Марин го осуди вандалскиот чин со кој синоќа беше уништен еден од головите на спортското игралиште во новоизградениот парк во Мичурин. Исто така, бил исечен и кабел за струја со што сторителите директно се изложиле себеси, но и другите граѓани на голема опасност. Случајот е пријавен во полиција и се …

Вандали ги уништувале парковите во Аеродром Read More »

Собранието ја констатира оставката на пратеникот Фљорин Бесими


 Собранието на Македонија на денешната втора седница ја констатира оставката на пратеникот Фљорин Бесими, по што претседателот Талат Џаферија ја прекина седницата, се додека не го добијат потребниот извештај од ДИК. Џафери бил известен дека Бесими нема да ја образложи неговата оставка, а бидејќи беше избран за пратеник од листата на кандидати од ДУИ потребно …

Собранието ја констатира оставката на пратеникот Фљорин Бесими Read More »

Членови на ВМРО-ДПМНЕ од Аеродром тврдат: Одиме во амбис, раководството живее под стаклено звоно


Поголем број членови на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет Аеродром одлучиле да ја поддржат идејата и иницијативата за свикување на вонреден конгрес на партијата. „Меѓу нас има членови на општинскиот комитет,  претседатели на месни комитети, како и обични активисти. Поддршката на идејата за свикување вонреден конгрес во ОК Аеродром е голема.Партијата  е во очајна состојба. ВМРО-ДПМНЕ …

Членови на ВМРО-ДПМНЕ од Аеродром тврдат: Одиме во амбис, раководството живее под стаклено звоно Read More »

Над илјада бизниси се уште забранети поради короната


Над 1.000 субјекти од дејности како игротеки, ресторани за свадби, клубови се уште немаат дозвола да работат, а Сојузот на стопански комори на Македонија од државата побара да продолжи да ги субвенционира платите на вработените од овој сектор. Од комората алармираат дека овие дејности се уште се принудно затворени, а Владата нема слух за побргу …

Над илјада бизниси се уште забранети поради короната Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов капитулираше пред комарците


ВМРО-ДПМНЕ го обвини градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, дека ги оставил на немилост скопјани на комарците среде лето. -Шилегов капитулираше пред комарците, а не пак да решава инфраструктурни проблеми на граѓаните на Скопје. Обично прскање се претвори во епска битка против злосторничките комарци што само ја покажува еклантната неспособност, неработа и популизам на Шилегов. …

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов капитулираше пред комарците Read More »

Родителите потпишуваат потврди дали да одат децата во училиште


Родителите на ученици низ земјава добиваат анкетни листови за тоа дали ќе прифатат нивното дете да посетува онлајн настава или настава со физичко присуство. Со нив треба да се изјаснат дали сте согласни или не сте согласни нивното  дете да посетува настава во училиште според планот и протоколите на Министерството за здравство и Министерството за …

Родителите потпишуваат потврди дали да одат децата во училиште Read More »

Сите пратеници на ДУИ ќе гласаат за новата влада


Лидерот на ДУИ Али Ахмети најави дека сите пратеници на оваа партија ќе гласаат за предложените пратеници и дека изборот на владата се очекува во деновите од викендот. Во неформален разговор за ТВ „Клан“, Ахмети објаснил дека „дебатите за формирање на власта се дел од функционирањето на внатрешната партиска демократија“ и дека нема промени во …

Сите пратеници на ДУИ ќе гласаат за новата влада Read More »