На Агатангел сега му текна дека е сменето името, ќе организира протест


Европа за Македонците не треба да биде срам и понижување, туку таму треба да влеземе со кренати глави, е пораката на владиката Агатангел, кој повикува на одржување на семакедонски собир против, како што вели, омаловажувањето на македонскиот национален идентитет и достоинство.

„ДA” за македонската евроинтеграција, но не со сменето име и непризнати јазик, црква и сменета историја. Не изневерија оние на кои им ја дадовме довербата, вели владиката, дополнувајќи дека во Македонија се рушат овие столбови на државноста.

Пораката ќе биде пратена во недела пред седиштето на Европската Унија во Скопје во 17 часот.

Владиката вели дека организатори на собирот се група разочарани луѓе, кои побарале поддршка од него како црковно лице. Очекува да бидат испочитувани сите превентивни мерки за заштита од Ковид на протестот, кој од канцеларијата на ЕУ ќе се пресели пред Собранието.